Мрачната приказна за тинејџерка од САД - 10 години била држена во ропство и злоупотребувана: „Уште имам трауми“

Го гледав бракот на сопствениците на продавницата, каде што работев, и сфатив како изгледа љубовта и дека тоа е сосема поинаку од мојата врска со Томас.

Тогаш им го открив својот идентитет, а кога тие испратија полиција кај Томас, само седев, се молев и се надевав на најдобро.

Кога го видов татко ми во полициската станица ќе се онесвестев во неговата прегратка.

Плачевме, се смеевме, но потоа чувствував како да ме обвинуваат мене за тоа што се случило.

Мајка ми и татко ми, кои се имаа премажено и преженето, ми помогнаа да земам возачка дозвола, да се запишам на факултет и да се изборам со кошмарите, носејќи ме на терапија.

Немав самодоверба, чувствував како да сум излегла од некој култ и сега морав да бидам депрограмирана“.

mrachnata-prikazna-za-tinejdjerka-od-sad-10-godini-bila-drzhena-vo-ropstvo-i-zloupotrebuvana-ushte-imam-traumi-02_1.jpg

Тања го запознала својот сегашен сопруг во 2008 година, а се венчале во 2018 година.

Таа има оштетување на репродуктивниот систем поради годините сексуално злоупотребување и уште страна од анксиозни напади.

Има болки во телото, мигрена и кошмари поради неприавилното растење во заробеништво без витамини и сончева светлина.

Но, сега е во мир со себе и се обидува да ја поткрене јавната свест за ваквиот тип на случаи.

„Мајките и татковците мора да бидат свесни дека ова може да се случи буквално секаде“.

Томас по излегувањето од затвор уште живее во куќата, каде што ја држел во ропство.

„Живеам на 15 минути од него и постојано стравувам дека ќе го сретнам.

Не сакам да го погледнам во очи, мојата цел сега е да го живеам најдобриот живот што е можно, по целата таа злоупотреба“.

С. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Бев на 8 патувања во една година, сама без сопругот и децата“ „Не ми треба дозвола од сопругот за да резервирам соло патување, бидејќи знае де...
Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
8 години беше љубовница на оженет маж со три деца, па му роди ќерка - Бурниот љубовен живот на Лаура... Иако важи за една од миленичките на италијанската музичка сцена, жена која е и п...
Синот на Доналд Трамп на чуден начин објави дека се свршил – татко му ја тапна по рамо девојката за ... Синот на Доналд Трамп од бракот со Ивана, со чуден и непријатен говор во Белата ...
Позитива на денот: Полицајци чуваат детенце накиснато од дожд, за мајката доставувач да ја направи и... „Врне силно, а јас морам да доставам храна. Може ли да го оставам син ми тука на...

Најчитани неделава