Заглавените астронаути се враќаат на Земјата по 9 месеци – капсулата пристигна на Меѓународната вселенска станица

Синоќа (16.03) капсулата што треба да ги врати астронаутите Сунита Вилијамс и Бери Вилмор пристигна на Меѓународната вселенска станица и ако сè оди според планот, тие ќе бидат дома на 19-ти март.

zaglavenite-astronauti-se-vrakjaat-na-zemjata-po-9-meseci-kapsulata-pristigna-na-megjunarodnata-vselenska-stanica-01.jpg

По девет месеци на Меѓународната вселенска станица, астронаутите Сунита (Суни) Вилијамс и Бери (Буч) Вилмор ќе се вратат дома.

Мисијата која требаше да трае само неколку денови се претвори во еден од подолгите престои на Станицата, откако капсулата која требаше да ги врати назад имаше дефект.

Неколку месеци наназад се знаеше дека ќе се вратат во март, но неизвесноста околу точниот датум само се зголемуваше бидејќи пред лансирањето имаше технички проблеми.

zaglavenite-astronauti-se-vrakjaat-na-zemjata-po-9-meseci-kapsulata-pristigna-na-megjunarodnata-vselenska-stanica-05.JPG

Имено, минатиот четврток (13.03) лансирањето на ракетата на SpaceX беше одложено и не беше сигурно кога ќе има поволни временски услови за да се повтори лансирањето.

Сепак, веќе следниот ден имаше добри временски услови, па ракетата беше лансирана во петокот (14.03).

zaglavenite-astronauti-se-vrakjaat-na-zemjata-po-9-meseci-kapsulata-pristigna-na-megjunarodnata-vselenska-stanica-04.JPG

Синоќа, капсулата Crew Dragon пристигна на Меѓународната вселенска станица и ако сè оди според планот, астронаутите ќе бидат дома на 19-ти март.

Додека траеше непланирано долгата мисија на Сунита Вилијамс и Бери Вилмор, НАСА се соочуваше со критики и целата ситуација доби и политички пресврт.

Од НАСА главно известуваа за состојбата на астронаутите, но не откриваа зошто ја одложуваат спасувачката мисија.

Погледнете и: Загриженост за здравјето на астронаутите заглавени на Меѓународната вселенска станица – враќањето се одложи за март

zaglavenite-astronauti-se-vrakjaat-na-zemjata-po-9-meseci-kapsulata-pristigna-na-megjunarodnata-vselenska-stanica-7.JPG

Сега, пак, од Агенцијата открија дека главен фактор бил и нивниот буџет, односно немале доволно пари.

Илон Маск, кој е сопственик на SpaceX тврдеше дека додека траеше претседателскиот мандат на Бајден, тој му понудил план за спасување, но претседателот го одбил од политички причини.

Но, од НАСА велат дека нема никаква политика зад одложувањето.

zaglavenite-astronauti-se-vrakjaat-na-zemjata-po-9-meseci-kapsulata-pristigna-na-megjunarodnata-vselenska-stanica-03.JPG

Што се однесува до астронаутите, тие немаат дадено свое мислење за целата ситуација.

Но, веќе се шпекулира дека ќе добијат паричен надомест, иако не многу голем.

Според американските медиуми, Сунита и Бери ќе бидат третирани како да биле на долго деловно патување.

zaglavenite-astronauti-se-vrakjaat-na-zemjata-po-9-meseci-kapsulata-pristigna-na-megjunarodnata-vselenska-stanica-02.JPG

Астронаутите на НАСА имаат фиксна плата кога се во вселената.

Но, според некои извори, тие добиваат околу четири долари дневно ако се соочат со некаков проблем.

Бидејќи Сунита и Бери останаа во вселената околу 300 дена, веројатно ќе добијат околу 1.100 екстра.

zaglavenite-astronauti-se-vrakjaat-na-zemjata-po-9-meseci-kapsulata-pristigna-na-megjunarodnata-vselenska-stanica-09.JPG

Но, како астронаути, тие имаат и бројни други бенефиции.

Од НАСА добиваат пари за домување, а можат и да изнајмуваат автомобили во име на Агенцијата.

Исто така, имаат одлично здравствено осигурување.

Погледнете и: Не смеат да се тушираат – Како изгледа животот на астронаутите кои се „заглавени“ во вселената до 2025-та?

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...
Мајка-херој од Англија загинала за да ја спаси 5-годишната ќерка – гранка од дрво паднала врз неа до... Мајка од Англија шетала во парк со својата ќерка, кога се откршила гранка од дрв...
„Син ми тежи 14kg на 6 месеци – ме критикуваат дека му давам премногу храна, не го собира во количка... Кога жена го родила своето четврто бебе, тоа имало просечна тежина од околу 3,2 ...
Жена (50) од Велика Британија за тајната на бракот со 31-годишниот сопруг: „Клучот е силното либидо“ По 4 години брак, Каролин Станбери (50) ужива во интимноста со поранешниот фудба...

Најчитани неделава