Едно пророштво на баба Ванѓа за годинава се оствари - со Нострадамус „виделе“ иста слика во своите визии за 2025

Баба Ванѓа, која ја нарекуваат и „Нострадамус од Балканот“, за оваа година има неколку пророштва кои не се ни малку „розови“, а едно од нив веќе се оствари. 

edno-proroshtvo-na-baba-vangja-za-godinava-se-ostvari-taa-i-nostradamus-videle-ista-slika-vo-svoite-vizii-za-2025-01.jpg

Најпознатата јасновитка на Балканот, баба Ванѓа, низ годините го предвиде падот на Кулите близначки во Њујорк, смртта на принцезата Дијана, економскиот раст на Кина.

Токму поради ова, многумина и денес, скоро 30 години по нејзината смрт (почина во 1996), веруваат дека таа „гледала во иднината“.

Меѓу работите за кои зборувала во својот живот се предвидувања за тоа што ќе се случува секоја година, па така, во нејзините пророштва за 2025 година, јасновитката спомнува „разорен земјотрес“.

По земјотресот од 7,7 степени во Мјанмар во кој загинаа преку 3.000 луѓе, над 4.500 се повредени и преку 300 се водат за исчезнати, оние што веруваат во нејзините зборови, но и скептиците, сметаат дека едно од нејзините страшни предвидувања сепак се оствари.

Баба Ванѓа, која ја нарекуваат и „Нострадамус од Балканот“, за оваа година има уште неколку пророштва кои не се ни малку „розови“.

Таа предупредува на „сурови војни“ и „глобална апокалипса“.

edno-proroshtvo-na-baba-vangja-za-godinava-se-ostvari-taa-i-nostradamus-videle-ista-slika-vo-svoite-vizii-za-2025-03.jpg

Според толкувањето на она што го кажала, во центарот на Европа ќе се војува - станува збор за војна која ќе избие во 2025 и која ќе има последици на остатокот од светот, односно, ова ќе биде почеток на Третата светска војна.

Интересно е што оваа војна ја спомнува и Нострадамус, а „ја видел“ уште во 16-тиот век.

edno-proroshtvo-na-baba-vangja-za-godinava-se-ostvari-taa-i-nostradamus-videle-ista-slika-vo-svoite-vizii-za-2025-02.jpg

Според него, во 2025-та ќе почне војна која „ќе биде сурова, а ќе вовлече многу европски земји, вклучувајќи ја и Британија“.

За среќа, голем дел од пророштвата на баба Ванѓа и на Нострадамус не се исполнуваат.

Затоа, секогаш треба да се зема со резерва тоа што се верува дека баба Ванѓа го предвидува, колку и да е тоа мрачно и страшно.

Прочитајте и Што предвидела баба Ванѓа за 2025-та (и дали се исполнија пророштвата за годинава)?

А. Ј. | Црнобелo

Би можело да ве интересира:

Позитива на денот: Полицајци чуваат детенце накиснато од дожд, за мајката доставувач да ја направи и... „Врне силно, а јас морам да доставам храна. Може ли да го оставам син ми тука на...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Родена во куќа од кал, уапсена е за наркотици, а сега е најмоќната жена на светот: Која е првата дам... Силија Флорес не е претседател на Венецуела, не седи на официјалната фотелја на ...
Татко го фрла синот (7) од висока карпа во вода - видео што го разлути светот и ги подели мислењата „Ова изгледа страшно, овој татко е премногу груб кон детето“... се некои од осуд...
Љубовта на норвешкиот фудбалер Халанд - на девојката фудбалерка ѝ купи чанта од 380.000 евра, растел... Тие се моќно модно дуо, а нивната љубовна приказна е уникатна – се познаваат од ...
„Син ми тежи 14kg на 6 месеци – ме критикуваат дека му давам премногу храна, не го собира во количка... Кога жена го родила своето четврто бебе, тоа имало просечна тежина од околу 3,2 ...

Најчитани неделава