Мрачната судбина на Стејси Дон: Татко ѝ ја терал да му биде „сопруга“, добила ќерка од него - денес е поддршка на други

Потоа, Стејси била жртва на психичко злоставување...

Ја изолирал од семејството и пријателите. Во една пригода ѝ го скршил телефонот и ѝ ја зел банкарската картичка.

Ја натерал да се чувствува заробена, иако не била физички заклучена.

mrachnata-sudbina-na-devojka-od-velika-britanija-tatko-i-ja-teral-da-mu-bide-sopruga-dobila-kjerka-do-nego-07.jpg

Ја присилувал да се однесува како негова „сопруга“, да готви, чисти, пере и да се грижи за домот.

Таа станала и жртва на сексуално злоставување.

На 17 години, започнал да ја присилува на сексуални односи.

Станало редовна појава. Според нејзиното сведоштво ѝ се доближувал додека била свртена со грб, ја бакнувал по вратот, а кога ќе му се спротивставела, добивала ќотек.

Ја гледал додека се бањала и ја присилувал на интимност.

Ја претставувал во јавноста како своја партнерка: одел со неа во пабови, продавници, дури и разгледувал куќи каде велел дека ќе живеат како пар.

На прагот на нејзиниот 18-ти роденден, Стејси останала бремена од нејзиниот татко.

И покрај згрозеноста, одлучила да го задржи бебето, нејзината ќерка Кејди, затоа што сметала дека таа претставувала надеж, љубов и почеток на нејзината борба за слобода.

Татко ѝ ѝ наредил да лаже дека останала бремена од момче што го запознала на некој саем.

Кога ќерка ѝ Кејди наполнила 2 години, Стејси конечно собрала храброст и го пријавила Најџел Тејлор во полиција.

ДНК тестовите потврдиле дека тој е татко на детето.

mrachnata-sudbina-na-devojka-od-velika-britanija-tatko-i-ja-teral-da-mu-bide-sopruga-dobila-kjerka-do-nego-10.jpg

Во април 2011 година, тој бил осуден на 7 години затвор за сексуална активност со дете - член од семејството.

Бил впишан во регистарот на сексуални престапници и му било наредено да не се приближува до Стејси и Кејди.

Стејси ѝ ја кажала вистината на Кејди кога таа имала 12 години. Ова бил тежок, но важен момент кој ги зближил.

Денес, Стејси преку својата книга и блог се труди да помогне и на други жртви.

С. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
Мајка-херој од Англија загинала за да ја спаси 5-годишната ќерка – гранка од дрво паднала врз неа до... Мајка од Англија шетала во парк со својата ќерка, кога се откршила гранка од дрв...
Ќерка на ирански тајкун троши повеќе од 500.000 евра месечно - Се фали на Инстаграм со „парите на та... „Добивам многу негативни реакции од луѓе кои ме задеваат дека трошам ‘пари од та...
Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...
Синот на Доналд Трамп на чуден начин објави дека се свршил – татко му ја тапна по рамо девојката за ... Синот на Доналд Трамп од бракот со Ивана, со чуден и непријатен говор во Белата ...
Девојка од Велика Британија за својот бизнис во Дубаи: „Изнајмувам луксузни јахти, 24/7 добивам пови... „Цените на изнајмување започнуваат од 100 евра до 6.000 евра на час, во зависнос...

Најчитани неделава