Почина папата Франциск на 88 години

pochina-papata-francisk-na-88-godini-01_copy.jpg

Ѕвоната на црквите ѕвонат низ Рим, а Ватикан ја потврди смртта на папата Франциск, кој целиот свој живот го посвети на „служба на Црквата“.

Кардинал Кевин Фарел ја објави тажната вест дека Папата починал денес (21.04) околу 7:30 часот.

Осумдесет и осумгодишниот папа се соочуваше со здравствени проблеми неколку месеци, откако на 14 февруари беше хоспитализиран во болница во Рим поради бронхитис, кој премина во пневмонија.

По неговиот 38-дневен престој во болница, настаните на Папата беа откажани. Оттогаш, Ватикан редовно даваше извештаи за неговата здравствена состојба, а денешното соопштение дојде само неколку часа по неговиот благослов за Велигден во неделата.

pochina-papata-francisk-na-88-godini-02.jpg

Кардинал Фарел ја објави тажната вест:

„Најдраги браќа и сестри, со длабока тага морам да ја објавам смртта на нашиот Свет Отец Франциск. Во 7:35 часот, епископот на Рим, Франциск, се врати во домот на Отецот.

Целиот негов живот беше посветен на службата на Господ и Неговата Црква. Не научи да ги живееме вредностите на Евангелието со верност, храброст и универзална љубов, особено во полза на најсиромашните и најмаргинализираните“.

Папата Франциск ја презеде папската должност во 2013 година по оставката на папата Бенедикт XVI. Тој беше познат по своите активности во борбата против климатските промени и критиката кон потрошувачкото општество.

Прочитајте и Уништување на папскиот прстен, таинствена конклава: Што се случува откако ќе почине папа?

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Синот на Доналд Трамп на чуден начин објави дека се свршил – татко му ја тапна по рамо девојката за ... Синот на Доналд Трамп од бракот со Ивана, со чуден и непријатен говор во Белата ...
Тажниот живот на сестрата на Џеки Кенеди: Сопругот ѝ остави долг од 60 милиони долари, Аристотел Она... Ли Радзивил го поминала животот во сенката на сестра ѝ Џеки Кенеди, а дури ѝ мај...
„Се разведов по 30 години, ги оставив децата и се преселив на другиот крај од светот – првпат се чув... Штом нејзините деца завршиле средно, Синди од САД сфатила дека е уморна од својо...
„Се преселив во Дубаи, но што не ми се допаѓа од животот тука?“ Елби Хеншо од Велика Британија открива дека луксузниот град не е само забава и г...
Инфекција на градите, нос со некроза: Морничавата вистина зад „живите барбики“ Инфекции по лошо изведени операции, отоци поради филери во непроверени клиники –...
„Продадовме сè за да патуваме низ светот и се вративме дома за 6 месеци – реалноста е поразлична од ... „Седиме на убава плажа, но јас морам да се вклучам на состанок. Одиме на кафе во...

Најчитани неделава