Емотивен момент: 11 внуци си ги истетовирале вените на баба им во форма на срце – симбол за семејна љубов
- Детали
- среда, 14 мај 2025
Девојка по име Марина, им испратила на сите братучеди фотка од уникатните вени на баба им, кои формираат срце и решиле сите да направат иста тетоважа во нејзина чест, како симбол за нивната заемна љубов, која засекогаш ќе остане врежана на нивните тела.
Љубовта на бабата остава вечна трага во срцето и спомените на внуците, но ова е вистинска приказна за внуци кои решиле засекогаш да остават белег на својата кожа кој ќе ја симболизира нивната заемна љубов.
Хуана е жена од Аргентина, со впечатлива физичка карактеристика – нејзините вени во делот на градите се испакнати и формираат срце точно на средината.
Токму тоа, нејзините внуци го доживуваат како симбол на нивната заемна љубов со неа, па решиле да го истетовираат на своите раце, на иницијатива на внуката Марина, која го документирала целиот процес во видеа и ги објавила на ТикТок.
Марина најпрво направила фотографија од вените на баба ѝ, и ја испратила фотката во групен разговор со нејзините братучеди, па предложила сите да си направат иста тетоважа во нејзина чест.
Токму така започнала приказната во која обична физичка карактеристика се претворила во семеен амблем кој симболизира љубов, а сега сите внуци го носат истиот како нивната баба.
Сите се согласиле на овој подвиг – за некои од нив, ова било прва тетоважа, а имало и такви кои не можат да си ја дозволат цената, па останатите собрале пари без размислување за да нема исклучоци, а секој еден од нив направил фото-доказ од моментот на тетовирање.
@marinayallegra Tatuaje en familia por mi abueela💕 Todos mis primos y yo con este recuerdo para toda la vida en nuestra piel 🥺🥰 #tatuaje #tattoo #familytattoo #abuela #recuerdo #family
♬ sonido original - La Vida es hermosa 🥰
Откако сите се истетовирале, направиле групна фотка па дел од нив отишле да ја изненадат баба им, чија реакција е бесценета.
Трогната од тоа што ја истетовирале формата на нејзините вени со срце, таа ги бакнува сите во тетоважата и вели:
„Јас бев родена вака, а бев добра баба и добра мајка. Ви благодарам за оваа голема среќа. Цела моја љубов е за вас“.
Погледнете ја реакцијата и моментот кога ѝ покажуваат дека сите се истетовирале:
@marinayallegra Reacción de mi abuela❤️🥰 #paratiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiii #familia #reaccionabuela #tatuaje #abuela #tattoo #tattofamily @Adrian Velazquez @Muñoz Milagros @Nadita @Cristian Ariel
♬ Over the Rainbow - christmastiktoksss
Дали вие некогаш имате направено некое вакво емотивно дело во чест на саканите?
Доколку сакате и вие да ни раскажете интересна приказна од животот или познавате и вие некоја личност што сметате дека е инспиративна, пишете ни на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





