Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Девојка од Британија намерно не го отворила падобранот при скок од авион, по разделбата со дечкото - родителите со моќна порака

По трагичната смрт на 32-годишна Британка која намерно не го отворила својот падобран за време на скок од авион, нејзиното семејство упати емотивна порака, со надеж дека ќе ја зголеми свесноста за проблемите со менталното здравје – да не криеме ако имаме проблеми и да им дадеме поддршка на блиските.

britanka-si-go-odzela-zhivotot-po-raskinuvanje-roditelite-neuteshni-so-poraka-do-javnosta-ako-stradate-ve-molime-pobarajte-pomosh-001.jpg

Трагичната смрт на 32-годишната Џејд Дамарел од Велс за време на скок со падобран ја разбранува јавноста, особено откако почна да се шпекулира дека извршила самоубиство.

Џејд имала долгогодишно искуство во скокање со падобран, поради што и нејзини блиски почнале да се сомневаат дека не станува збор за несреќа.

Па, се надеваат дека нејзината смрт нема да биде залудна, односно дека ќе ги натера луѓето да сфатат колку сериозни можат да бидат проблемите со менталното здравје и зошто е важно да се побара помош, но и да им се даде поддршка на оние кои страдаат.

britanka-si-go-odzela-zhivotot-po-raskinuvanje-roditelite-neuteshni-so-poraka-do-javnosta-ako-stradate-ve-molime-pobarajte-pomosh-02.JPG

Џејд Дамарел досега имала изведено над 400 скокови со падобран. Но, на последниот скок на 28-ми април, нејзиниот падобран не се отворил и таа веднаш загинала од падот.

Според првите известувања, нејзината смрт беше опишана како несреќен случај. Но, откако се утврдило дека нејзината опрема била исправна, почна да се претпоставува дека Џејд намерно не го отворила падобранот.

britanka-si-go-odzela-zhivotot-po-raskinuvanje-roditelite-neuteshni-so-poraka-do-javnosta-ako-stradate-ve-molime-pobarajte-pomosh-03.JPG

Еден ден пред трагедијата Џејд раскинала со нејзиниот дечко – 26-годишниот Бен.

Џејд и Бен, кој исто така бил искусен во скокање со падобран, биле во врска околу осум месеци и живееле заедно.

britanka-si-go-odzela-zhivotot-po-raskinuvanje-roditelite-neuteshni-so-poraka-do-javnosta-ako-stradate-ve-molime-pobarajte-pomosh006_copy.JPG

„Беа неразделни. Целото време го минуваа заедно и заедно скокаа со падобран. Живееја заедно од Божиќ, а ја почнаа врската неколку месеци претходно.

Ноќта пред Џејд да почине, Бен стави крај на нивната врска. Следниот ден тој отиде на работа и тогаш Џејд го изгуби животот“, изјави пријател близок до парот.

Засега Бен се нема огласено за трагедијата.

britanka-si-go-odzela-zhivotot-po-raskinuvanje-roditelite-neuteshni-so-poraka-do-javnosta-ako-stradate-ve-molime-pobarajte-pomosh-06.JPG

Сомнежите дека станува збор за самоубиство беа потврдени од официјалната изјава од клубот за скокање со падобран во кој Џејд била член, а потоа и од нејзините родители – мајка ѝ Лиз и татко ѝ Ендру.

„Со голема тага споделуваме дека ја изгубивме нашата сакана ќерка Џејд. Прекрасна, убава, храбра и навистина извонредна личност. Со весел, авантуристички и слободен дух, таа живееше со енергија, страст и љубов и допре бројни животи со нејзината топлина и нејзината добрина.

Професионално, Џејд беше особено талентирана и ценета за нејзината креативност посветеност во маркетингот. Лично, Џејд неодамна почна да оди на курс за да добие лиценца за пилот…

Ни недостасува повеќе одошто можеме да опишеме… Некои ѕвезди се толку светли, што брзо согоруваат, но нивната светлина никогаш не исчезнува.

За крај, ако страдате, ве молиме побарајте помош. Разговарајте со некого – пријател, сакана личност или професионалец, Никогаш не сте сами“.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Рибар поминал 95 дена изгубен среде Тихиот Океан во својот брод: „Јадев лебарки за да преживеам“ Рибар од Перу преживеал 95 дена на својот рибарски брод во Тихиот Океан откако з...
Жена го оставила сопругот и трите деца за маж што го запознала на одмор во Египет - но, зошто се пок... Јулија Кларк (53) од Велика Британија чувствувала дека нејзиниот брак, кој траел...
„Живеам во Данска две години - малите деца сами одат во градинка, а платите се високи“ „Малите деца одат во градинка или на училиште сами и не чувствувате страв кога п...
Жена (33) се обидела да се фрли под воз – мажот што ја спасил, денес ѝ е сопруг со кого има 3 деца „Животот станува подобар, само мора да бидете тука за да видите“ – вели оваа жен...
Почина папата Франциск на 88 години Ѕвоната на црквите ѕвонат низ Рим, а Ватикан ја потврди смртта на папата Францис...
Се вљубила во шеикот на Дубаи, кога останала бремена ја оставил за друга – Животот на Нивин Ел Гама,... По само 2 години нивната бајка се претворила во кошмар. На телевизија видела дек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg