Девојка од Британија намерно не го отворила падобранот при скок од авион, по разделбата со дечкото - родителите со моќна порака
Според пријатели на Џејд, полицијата нашла и порака во која Џејд го открива планот да изврши самоубиство, но ова не е официјално потврдено.
„Ова не беше несреќа. Веруваме дека сакала да си го одземе животот, за жал. Скокаше со друга личност, се оддели од неа, се сврти со грб и падна. Одлучи да не го отвори падобранот.
Џејд многу сакаше да скока со падобран – два дена пред несреќата направи 11 скока во еден ден“.
Од клубот за скокање со падобран изјавија дека полицијата веќе има цврсти докази дека Џејд самата си го одзела животот.
И оттаму апелираат луѓето кои имаат проблеми со менталното здравје да не ја кријат својата болка и да побараат помош.
„Ако страдате или сте во лоша состојба, ве молиме знајте дека не сте сами. Побарајте поддршка.
Ги замолуваме сите кои минуваат низ тежок период да зборуваат со некого или да побараат професионалец. Дури и во најмрачните моменти, има помош и надеж“.
Јавноста веќе го коментира случајот и многумина споделуваат нивни искуства со сакани кои посегнале по својот животот.
Пораката на сите е иста – да не криеме кога се соочуваме со проблеми со менталното здравје, но и да обрнуваме внимание на нашите блиски и да им помогнеме кога е јасно дека нешто не е во ред.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





