Автомобил влета во толпа фанови на Ф.К. Ливерпул додека славеа титула – има 50-тина повредени, сторителот е уапсен
- Детали
- вторник, 27 мај 2025
Еуфоричниот настан во кој на улиците низ Ливерпул се славеше титулата на истоимениот клуб во Премиер лигата, беше засенет од страшниот инцидент кој се случи, кога автомобил влета во толпа народ – не се смета за тероризам, возачот е уапсен, а според сведоци, наводно кратко претходно излегол од бар.
Фановите на фудбалскиот клуб Ливерпул ја следеа победничката парада на тимот кој ја освои титулата во Премиер лигата, кога во центарот на градот се случи страшен инцидент.
Сцените во кои луѓе се радуваа и славеа за победата, за само неколку секунди се претворија во страотни извици, страв, паника и збунетост, откако автомобил влета во толпата народ, а околу 50 луѓе се повредени, меѓу кои има и деца.
Според сведоштвата, возилото свирело силно и движело лево десно низ толпата, удирајќи луѓе.
Еден од сведоците на настанот, за Guardian тврди дека првата жртва била фрлена околу 6 метри во воздух по ударот.
Кога автомобилот конечно запрел, лутите фанови почнале да го удираат, да фрлаат шишиња, да довикуваат, додека други пробувале да им помогнат на повредените и заглавените под возилото, а по неколку секунди возачот бил извлечен од седиштето пред полицијата да интервенира, пишува Daily Mail.
„Луѓето почнаа да тропаат по прозорците на автомобилот и ги искршија, а тој испаничи и стисна со ногата на гас. Потоа тој удри некого и продолжи низ останатите. Не сум видел такво нешто“.
Друг сведок пак, вели дека според него, тој по грешка удрил некого, а потоа стиснал посилно на педалата за гас, но двајцата велат дека инцидентот траел околу 20-30 секунди.
Сведоштвата на луѓето се страотни и настанот го опишуваат како од хорор филм, со страшни извици, прегазени и паднати тела, раскрварени деца...
Од полицијата велат дека случајот не се смета за терористички чин и дека не бараат никој друг што би можел да биде поврзан, освен 53-годишниот возач кој е уапсен на лице место.
М. М. | Црнобело / фото: Daily Mail
Би можело да ве интересира:





