Исповед на инфлуенсерка од Австрија: „Ни ставија дрога во виното на забава на Мајорка – девојки внимавајте“

„Ова е нешто што секоја жена треба да го слушне. Испивме три чаши и одеднаш почна да ни се лоши, не можев да одам и се изгубив. Потоа докторот ми кажа дека ни ставиле дрога за силување во пијалаците“ – вели во својата исповед австриската инфлуенсерка и ријалити ѕвезда Ванеса Марипоса, откако била дрогирана и ограбена на Мајорка.

ispoved-na-vanesa-od-avstrija-ni-stavija-droga-vo-vinoto-na-zabava-na-majorka-devojki-vnimavajte-01.jpg

Австриската инфлуенсерка, фитнес модел и ријалити ѕвезда Ванеса Марипоса, сподели една непријатна случка, со цел да ги предупреди останатите девојки да бидат внимателни кога одат на патувања.

Додека била на одмор на Мајорка, со пријателка присуствувала на забава на руфтоп, каде што наводно била дрогирана и ограбена, па завршила и во болница.

На 26 мај, на својот Инстаграм профил, таа објави видео за да сподели нешто важно, како што самата вели и со растреперен глас ја раскажува случката која ѝ влела страв за животот. 

Инфлуенсерката била исплашена за својот живот и е сигурна дека можело да заврши многу полошо, па токму затоа ја користи нејзината платформа со 800.000 следбеници, за да алармира дека ова се реални ситуации кои секому може да се случат.

Во описот на објавата таа напиша:

„Сакам да споделам нешто сериозно со вас, нешто што ми се случи мене неодамна и што секоја жена треба да го слушне. Изминатиов викенд, бев на забава со моја пријателка.

Бевме таму околу 3 часа, испивме 3 чаши вино и ги чувавме пијалаците со нас цело време. Но одеднаш, на двете многу почна да ни се лоши, од нигде никаде.

Не можев да одам соодветно, повратив неколкупати и комплетно се изгубив – немав никакво сеќавање за вечерта. Тогаш сфатив дека нешто навистина не е во ред.

Подоцна, докторот откри дека некој ни подметнал дрога за силување во пијалаците.

Бев ограбена – мојата Cartier бразлетна ми беше одземана од раката, а СИМ картичката од телефонот ја отстраниле.

ispoved-na-influenserka-od-avstrija-ni-stavija-droga-vo-vinoto-na-zabava-na-majorka-devojki-vnimavajte-3_copy.jpg

Сигурна сум дека луѓето кои го направиле ова имале уште полоши намери... во спротивно, не би нè дрогирале или не би преземале чекори за да нè спречат да повикаме помош.

За среќа, Лука и неговите пријатели биле во близина и забележале дека нешто не е во ред. Тие се погрижија за нас и нè однесоа дома безбедно.

Следниот ден, веднаш отидов во болница за да го проверам целото тело и уште сум шокирана од тоа што се случи.

Го споделувам ова бидејќи сакам секоја жена да биде алармирана. Не верувајте никому слепо. Никогаш не го оставајте вашиот пијалак без надзор.

Нешто многу полошо можеше да ни се случи таа ноќ. Ве молам сфатете го ова сериозно. Ве сакам“.

Повеќе фотки од Ванеса:

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Бев на 8 патувања во една година, сама без сопругот и децата“ „Не ми треба дозвола од сопругот за да резервирам соло патување, бидејќи знае де...
Жена (50) од Велика Британија за тајната на бракот со 31-годишниот сопруг: „Клучот е силното либидо“ По 4 години брак, Каролин Станбери (50) ужива во интимноста со поранешниот фудба...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...

Најчитани неделава