Ѝ помогна на жена да се убие во капсула за евтаназија, па го уапсија: Трагичната судбина на доктор од Швајцарија

По неговото апсење, надлежните открија дека на компанијата која стои зад капсулите ѝ било забрането да ја користи во таа област во Швајцарија.

„Ги предупредивме, им испративме писмена опомена. Им кажавме дека ако ја користат капсулата во оваа област, ќе се соочат со последици“.

pomogna-na-zhena-da-se-samoubie-vo-kapsula-za-evtanazija-go-obvinija-deka-ja-zadavil-tragichnata-sudbina-na-doktor-od-shvajcarija-03.JPG

Исто така, капсулата не ги исполнувала потребните критериуми и, на некој начин, нејзиното користење било нелегално каде било во Швајцарија.

Иако докторот ја опишал смртта на жената како „мирна, брза и достоинствена“, поради трагите на нејзиниот врат, бил обвинет за убиство. Покрај него, биле уапсени и други лица од компанијата што ги прави и промовира капсулите, вклучително и нејзиниот дизајнер.

pomogna-na-zhena-da-se-samoubie-vo-kapsula-za-evtanazija-go-obvinija-deka-ja-zadavil-tragichnata-sudbina-na-doktor-od-shvajcarija-6.JPG

Но, од компанијата зад капсулите изјавија дека починатата жена имала болест која може да се манифестира и преку инфекција на коскената срж, што пак можело да создаде линии на вратот кои изгледаат како некој да ја задавил.

На крај, обвиненијата против докторот беа повлечени, но тој сè уште беше под истрага за поттикнување и помагање самоубиство со контроверзната капсула.

Целата ситуација лошо се одразила врз неговото ментално здравје, па двапати бил хоспитализиран во ментална установа.

pomogna-na-zhena-da-se-samoubie-vo-kapsula-za-evtanazija-go-obvinija-deka-ja-zadavil-tragichnata-sudbina-na-doktor-od-shvajcarija-08.JPG

На крај, одлучил самиот да посегне по својот живот, а се шпекулира дека ја искористил капсулата.

За трагедијата се огласи дизајнерот на капсулата:

„Кога Флоријан беше ослободен од обвиненијата во декември 2024-та, беше променеа личност. Ја немаше неговата топла насмевка и неговата самодоверба.

На негово место сега стоеше маж кој беше трауматизиран од лажното обвинение дека ја задавил жената“.

pomogna-na-zhena-da-se-samoubie-vo-kapsula-za-evtanazija-go-obvinija-deka-ja-zadavil-tragichnata-sudbina-na-doktor-od-shvajcarija-04.JPG

Дизајнерот додаде дека докторот починал во мај, „со помош од посебна организација“.

Според него, иако добивал помош од психијатри, докторот почнал да се соочува со сериозни проблеми со менталното здравје кои само се влошувале.

„Никој не беше изненаден (од неговата смрт). Неговиот дух беше скршен. Знаеше дека не направи ништо нелегално или погрешно, но престана да му верува на правото во Швајцарија.

Во последните моменти од животот, доктор Флоријан Вилет носеше многу поголем товар отколку што еден човек да поднесе“.

Бидејќи истрагата за капсулата и смртта на жената уште е во тек, дизајнерот не смее да открива повеќе детали за целата ситуација. Не е познато дали и тој уште се соочува со некакви обвиненија.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Жена (50) од Велика Британија за тајната на бракот со 31-годишниот сопруг: „Клучот е силното либидо“ По 4 години брак, Каролин Станбери (50) ужива во интимноста со поранешниот фудба...
Го остави сопругот милијардер бидејќи се дружеше со педофил: Каде е денес Мелинда Гејтс? Мелинда Гејтс има релативно скромно потекло и самата успеа за изгради име за себ...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
Спиел со Русинки и се заразил од нив, имал афери со жени во брак: Бил Гејтс спомнат во документите н... Според мејлови кои се објавени во документите од истрагата за Епстин, Бил Гејтс ...

Најчитани неделава