Ѝ помогна на жена да се убие во капсула за евтаназија, па го уапсија: Трагичната судбина на доктор од Швајцарија
- Детали
- вторник, 03 јуни 2025
Минатата година, жена изврши самоубиство во Швајцарија со таканаречена „капсула за евтаназија“. Ова беше првиот ваков случај, но докторот кој го вршел надзорот беше обвинет за убиство, откако на вратот на жената биле откриени траги од давење. На крај, и самиот посегна по својот живот.
Во Швајцарија, асистирањето на личност да изврши самоубиство не е забрането, но само во одредени околности.
Личноста која сака да стави крај на својот живот треба да има неизлечлива, смртоносна болест или здравствена состојба која значително ѝ го отежнува животот, а која не може да се излекува.
Забрането е друга личност да ја убие личноста која сака да изврши самоубиство, но може да ѝ помогне. Односно, ако личноста сака да си го одземе животот со смртоносна доза од некој отров, друга личност може да ѝ го набави отровот, но не и да го инјектира.
Во Швајцарија, докторите се тие кои можат да ја обезбедат смртоносната доза, а пред неколку години се појави и таканаречена капсула за самоубиство која многумина ја нарекуваат контроверзна, па и ја споредуваат со гасна комора.
Дизајнирана од активист кој го поддржува асистираното самоубиство, капсулата, позната како Sarco Pod, користи азот, со што наводно овозможува безболна смрт.
Дизајнерот Филип Ничке тврдеше дека личноста нема да почувствува ништо, туку ќе ѝ изгледа како да заспива.
По низа критики и сомнежи од експерти, капсулата првпат беше тестирана во 2024 година, но наводно нелегално.
Под надзор на доктор Флоријан Вилет, 64-годишна Американка извршила самоубиство со помош на капсулата, која била поставена во шума во Швајцарија.
Целата ситуација доби нов пресврт, откако швајцарската полиција излезе со изјава дека на вратот на жената имало траги од давење.
Докторот бил држен во притвор 70 дена, додека полицијата ги истражувала околностите на смртта и наводно се сомневале дека станува збор за убиство.
Откако жената починала, доктор Вилет самиот ја контактирал полицијата и тие брзо пристигнале во шумата. Овде го затекнале мртвото тело на жената, внатре во капсулата.
Докторот бил единствениот кој сведочел на евтаназијата, па бил приведен и поминал околу 70 дена зад решетки.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





