„Бев на одмор во ресорт во Турција и 33-годишна предаторка му се додворуваше на син ми (16) – ме извади од такт“

„Ова е тотално непримерно“, коментираат луѓето на ситуацијата што ѝ се случила на мајка на одмор во Турција. Таа била згрозена од односот на една 33-годишна жена кон нејзиниот син во ресортот каде што престојувале. Се случува ли ова и кај нас?

bev-na-odmor-i-33-godishna-predatorka-mu-se-dodvoruvashe-na-sin-mi-16-me-izvadi-od-takt-01.jpg

Кармел Џејд е мајка која на својот ТикТок профил проговори за ситуација што ја разбеснела на одморот во Турција.

Станува збор за 33-годишна жена, која таа ја нарекува „предаторка“, која се обидела да флертува со нејзиниот 16-годишен син за време на нивниот одмор.

bev-na-odmor-i-33-godishna-predatorka-mu-se-dodvoruvashe-na-sin-mi-16-me-izvadi-od-takt-02.jpg

Прво, жената започнала разговор со Кармел, прашувајќи ја дали нејзиниот син ги има средувано забите, на што таа одговорила: „Не, има 16 години – природни му се“.

Жената тогаш рекла: „Ах, прекрасни се...“

Неколку минути подоцна, Кармел отишла до шанкот, оставајќи го синот со дедо му. Тогаш 33-годишната жена се свртела кон момчето и му рекла: „Дај ми го твојот Снепчет“.

bev-na-odmor-i-33-godishna-predatorka-mu-se-dodvoruvashe-na-sin-mi-16-me-izvadi-od-takt-11.jpg

Кармел вели дека жената, која според неа изгледала дури и „постара од 33“, намерно чекала таа да си замине за да му пријде на синот.

„Знаеше дека е погрешно... Точно знаеше што правиш, предаторке, нели?“, вели Кармел.

bev-na-odmor-i-33-godishna-predatorka-mu-se-dodvoruvashe-na-sin-mi-16-me-izvadi-od-takt-13.jpg

Откако дознала што се случило, од синот кој ѝ пренел, Кармел ѝ отишла на жената за директно да ја праша зошто му побарала Снепчет на син ѝ.

Жената признала: „Знаев дека е погрешно, жал ми е...“

Кармел бесно ѝ дофрлила: „Што мислеше да правиш? Да го заведеш и да му купиш Биг Мек?“

bev-na-odmor-i-33-godishna-predatorka-mu-se-dodvoruvashe-na-sin-mi-16-me-izvadi-od-takt-12.jpg

Во коментарите, луѓето масовно ѝ дадоа поддршка на Кармел, согласувајќи се дека тоа било „тотално непримерно“.

Дел од коментарите на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Бев на 8 патувања во една година, сама без сопругот и децата“ „Не ми треба дозвола од сопругот за да резервирам соло патување, бидејќи знае де...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Синот на Доналд Трамп на чуден начин објави дека се свршил – татко му ја тапна по рамо девојката за ... Синот на Доналд Трамп од бракот со Ивана, со чуден и непријатен говор во Белата ...
Можни причини зошто Меланија останува со Доналд Трамп (иако некогаш изгледа како да го мрази) Меланија знае како е да се почне од нула, па веројатно не сака да си ја загрозув...
Сите љубовници на Адолф Хитлер - Бирал двојно помлади девојки, една му родила син, внуката се убила ... Приказната за љубовта на Адолф Хитлер и Ева Браун е позната на сите, но малкумин...
Абортирала поради него, ја терал да спие со Ерос Рамацоти за да направи еротски фотки - Бурната љубо... Поранешниот сопруг, познат и како „крал на папараците“ во Италија, продавал нејз...

Најчитани неделава