„Си поминав ужасно на одмор во Грција“ - Туристка стана мета на потсмев поради бизарните поплаки за хотел на Крф
На веб-сајтот на хотелот пишувало дека има „панорамски поглед кон Јонското Море од неколку платформи на различни нивоа“.
Но, таа не можела да отиде на платформите бидејќи многу било стрмно, а не можела да оди ни на плажа бидејќи била „дури“ 130 метри од хотелот.
Жената се жали и дека не ѝ дале втор клуч од собата:
„Побарав уште еден клуч од собата што ја делев со ќерка ми бидејќи некогаш се заморував попладне и одев да дремнам во собата. Но, ако заспиев, ќерка ми не можеше да влезе во собата.
Кога им побарав втор клуч, ми рекоа дека не може, било многу скапо“.
Од хотелот одговорија и за оваа поплака:
„Госпоѓата доби втор клуч, но потоа ѝ беше одземен бидејќи дознавме дека го користи за да го остави клима уредот вклучен 24/7, дури и кога не беше внатре, а прозорците ги оставаше отворени.
Ова беше прекршување на нашите правила за штедење енергија. Од првиот ден кога пристигна, беше јасно дека госпоѓата бараше проблеми. Дури ни се жалеше и за времето“.
Во коментари на статиите од британските медиуми, луѓето се шегуваат на сметка на госпоѓата.
„Во Грција јадат грчка храна?! Кој би погодил!“
„Хотелот не требало да ѝ одговара, а жената требало да остане во Англија ако сакала англиска храна“.
„Ако си сакала англиски појадок, зошто си отишла во странство?“
„Тешко е да не се смеам на оваа долга листа со поплаки“.
„Сум бил во хотели во Грција и забележав многу бритаски туристи кои се жалеа дека немало англиска храна“.
Спирова С. | Црнобело
