Мајка од Велика Британија: „Бев во хотел со 4 ѕвезди во Грција и го имав најлошиот одмор досега“
- Детали
- среда, 11 јуни 2025
„Знам дека сум среќна што сум во можност да одам на одмор, а многумина не можат ниту на викенд да отидат некаде, но кога ќе побараш одредени стандарди, а ќе добиеш многу помалку, тоа навистина фрустрира!“, вели лутата мајка за одморот на Родос.

Мајка од Велика Британија беше наречена „драма кралица“ откако се пожали дека го имала најлошиот одмор досега во хотел со 4 ѕвезди во Грција.
Мајката на две деца, позната на ТикТок како @strawbz938, отпатувала на грчкиот остров Родос со своето семејство.
Таа тврди дека, иако хотелот бил со 4 ѕвезди, им било ветено дека е убав како „петѕвездно одморалиште“ каде што ќе престојуваат седум ноќи, но одморот брзо се претворил во долга листа на проблеми.

По пристигнувањето на Родос и пријавувањето во ресортот, таа открила дека сместувањето според условите всушност било „триѕвездено одморалиште“.
„Но бидејќи имаат аквапарк, можат да му додадат уште една ѕвезда. Според мене, не заслужува ни три ѕвезди“, рече таа во видеото на ТикТок, прикажувајќи ги условите во ресортот.

Иако базенот на прв поглед изгледал прекрасно, по внимателно разгледување открила дека „сè е залепено со селотејп“.

По поднесена жалба, семејството било преместено во друг дел од одморалиштето, но и новата соба не ги исполнила нејзините очекувања.
Таа вели дека следниот пат ќе прави истражување и ќе чита рецензии.
Но, проблемите не застанале тука – биле погодени и од силна бура.


„Бевме целосно натопени додека одевме од еден до друг хотел. Во тој момент, само сакав да плачам“, се пожали таа.
Областа била покриена со огромни бари, па сопругот морал да ја пренесе преку водата затоа што вели дека немало шанси да чекори низ дождот со нејзините влечки.
@strawbz938 Should’ve stayed at home 😳 #creatorsearchinsights #fyp #foru #holiday #summerholidays #suntiktok #greece #greecetiktok #suntan #rain
♬ Wipe Out - Hit Version - The Surfaris
Следниот ден времето се подобрило, но храната не ја импресионирала.
Таа ја нарече „апсолутно одвратна“.
На видеото прикажа чинија со лазања, салата и кускус.