Девојка потрошила 1 милион долари за пластични операции – не ја препознавале на пасош, ја пријавуваат дека е лажна

„За мене совршенство е да се чувствуваш убаво и самоуверено во сопственото тело – потрошив 1 милион долари на 20 пластични операции за да го постигнам тоа“ – вели убавицата која била преправана до посакуваното совршенство и станала непрепознатлива до степен што на аеродром не ѝ верувале дека е истата личност од пасошот. 

devojka-potroshila-1-milion-dolari-za-plastichni-operacii-ne-ja-prepoznavale-na-slika-od-pasosh-ja-prijavuvaat-deka-e-lazhna-01.jpg

Жанаина Празерет е Бразилка која ја започнала кариерата како модел на 18 години, а интернационално се прославила кога од норвешкиот Плејбој ја добила титулата „Совршена жена“.

Сепак, таа титула не ја добила благодарение на природната убавина, туку инвестирала многу во својот изглед за да го постигне тоа со што е задоволна.

„Инвестирав во естетски процедури за да го постигнам посакуваниот изглед, потрошив околу 1 милион долари на 20 пластични операции.

За мене, совршенството е да се чувствуваш задоволно од себеси и да бидеш самоуверен во сопствената кожа“ - вели таа во интервју за бугарскиот Glamour

Дел од процедурите за разубавување кои ги има направено:

  • Липосукција
  • Две операции на носот
  • Операција на гради
  • Бразилско подигнување на задникот
  • Филери на лицето
  • Отстранување ребро

Tаа зборува за тоа дека е тешко да се постигнат стандардите за убавина и дека секој треба да го прави тоа што го сака за да се чувствува убаво кога ќе се види во огледало.

Но, очигледно не е лесно да се има титулата „преубава“, па се соочува и со негативната страна од ова, односно многумина мислат дека објавува лажни фотографии.

На повеќе апликации за онлајн состанување, нејзиниот профил бил пријавуван и блокиран, со објаснување дека е преубава за да биде вистинита.

„Направив три профили бидејќи мислев дека има некоја грешка кај нив. Но сите три ми ги блокираа и сфатив дека нешто се случува.

Ми кажаа дека мојот профил делува неавтентичен и дека прекршувам правила без да потенцираат ништо конкретно.

Па се откажав од апликации и се вратив на традиционалниот начин на флертување како нашите родители. Кежуал разговори, контакт со очи...“ – изјавила таа.

Ова не било единственото сомневање за нејзиниот идентитет – таа неодамна имала ситуација кога на аеродром, била задржана и ја испрашувале за валидноста на пасошот, бидејќи во него имала стара фотографија која воопшто не наликува на она што е таа по толку многу операции.

devojka-potroshila-1-milion-dolari-za-plastichni-operacii-ne-ja-prepoznavale-na-slika-od-pasosh-ja-prijavuvaat-deka-e-lazhna-02.jpgпред и по пластичните операции

„Знаев дека ова може да се случи еден ден, затоа што изгледот ми е многу променет, но сепак бев шокирана што ме застанаа, ме испрашуваа и споредуваа фотографии.

Не сакав да се срамам пак така, па веднаш потоа отидов да си го обновам пасошот со нова фотографија. Совршенството има цена“ – вели таа.

На Инстаграм ја следат речиси 900.000 фанови, а таа постојано споделува фотки од неа, погледнете дел од нив:

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Девојка од Велика Британија за својот бизнис во Дубаи: „Изнајмувам луксузни јахти, 24/7 добивам пови... „Цените на изнајмување започнуваат од 100 евра до 6.000 евра на час, во зависнос...
Инфекција на градите, нос со некроза: Морничавата вистина зад „живите барбики“ Инфекции по лошо изведени операции, отоци поради филери во непроверени клиники –...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
Девојка во Бразил загина откако ја фрлија на банџи без јажиња за заштита – падна од 40m висина, 6 ос... На социјалните мрежи викендов вирално се ширea снимки од моментот кога неколку р...
„Пораснав на улица со мајка зависник, татко коцкар - сега имам милиони, уживам во луксуз и се фалам ... „Мајка ми ме родила на 16 години. Татко ми беше многу постар маж, во тоа време и...
„Ќерка ми се шминка од 3-годишна возраст, троши по 2.000 долари за продукти за убавина“: Мајка стана... Мајка од САД гордо кажува дека нејзината ќерка се шминка од 3-годишна возраст и ...

Најчитани неделава