„Го посетив Санторини во 2018-та, ме маѓепса, но зошто сега не би се вратила таму?“

Иако и самата припаѓам на технолошки ориентираната генерација, жал ми е што гледам како едно толку убаво место е целосно претрупано од туристи.
Дали островот е подготвен за толкава популарност?

Краткиот одговор е - не. И токму тоа е причината зошто грчките жители се загрижени за долготрајноста на инфраструктурата на островот, ако секое лето продолжи да прима илјадници туристи.
Иако проблемот со прекумерниот туризам не е нов, локалните жители станаа погласни во последниве две години. Нивната борба не е со посетителите кои ја одржуваат економијата жива, туку со недостигот на контрола и начинот на живот кој им е наметнат на жителите што живеат таму цела година.
Проблемот е двоен – туристи доаѓаат и со авион и со крузери.

Сега крузерските патници се цел на нова такса од 20 евра по лице, средства од кои ќе се инвестира во инфраструктурата на островот и во контролирање на бројот на туристи.
Од 2018 година воведена е и т.н. „данок за ноќевање“ што мора да го платат туристите кога ќе пристигнат во хотел или апартман.
Надоместокот се пресметува според оценката на сместувањето од страна на грчките власти (кои може да се разликуваат од оценките на туристичките агенции).
Санторини еуфоријата сигурно ќе продолжи и оваа година, но јас сум среќна што го доживеав во неговата полна убавина, пред туристичкиот бум.
Би сакала повторно да се вратам и да го истражам островот, но помислата да се пробивам низ маси од луѓе – не е за мене, барем засега“.
С. С. | Црнобело