Трагедија во Индија: Авион се сруши во зграда при полетувањето – бројот на жртви уште расте (фото+видео)
- Детали
- четврток, 12 јуни 2025
Авион кој летал од индискиот град Ахмедабад кон Лондон се срушил неколку минути откако полетал и удрил во зграда. Спасувачките екипи открија дека досега се извлечени 30 тела, но дека уште луѓе се заробени и во зградата.

Денес (12.06) авион се сруши во близина на аеродромот во Ахмедабад во Индија, кратко откако полетал.
Авионот тргнал на пат кон Лондон, со над 240 патници, пред да се сруши во близина на аеродромот и да удри во зграда.
Наводно, контролорите изгубиле контакт со авионот само неколку секунди по полетувањето – авионот полетал во 13:38 часот по индиско време, речиси веднаш се изгубил контактот и несреќата се случила околу пет минути подоцна. Авионот, кој бил од марката Boeing, се искачил на висина од само 190 метри.
На социјалните мрежи веднаш почнаа да се споделуваат фотографии и видеа на кои се гледа дека од судирот, авионот буквално влегол во една зграда.
Се гледа и густ црн чад кој се шири од местото на несреќата.
Медицинските лица веднаш излегле на терен, додека експертите дебатираат што би можело да ја предизвика несреќата.
Како што пренесува Sky News, експертите сметаат дека е навистина чудно што ваков авион се срушил додека полетувал. Според досегашните информации, пилотите побарале помош, што значи биле свесни дека има некаков дефект.
И двајцата пилоти биле мошне искусни – капитенот имал над 8.200 часа летачко искуство, додека копилотот околу 1.100 часа.
Според спасувачките екипи, досега биле извлечени над 30 тела од зградата во којашто удрил авионот. Уште луѓе се заробени и точниот број на жртви не е познат. Многу луѓе веќе биле пренесени во болница.
Инаку, ова не е прва трагедија со авион на Boeing – изминативе година две, имаше низа инциденти кои ја нарушија репутацијата на можеби најпознатиот производител на авиони.
Прочитајте повеќе: Морничаво видео: Исплашен патник снима откако Boeing авион почнал да паѓа надолу
Повеќе фотографии и видеа од страшната трагедија:
Спирова С. | Црнобело