Индиски бизнисмен ѝ купи Rolls-Royce на 1-годишната ќерка - розов и направен специјално за неа
- Детали
- вторник, 24 јуни 2025
Гест на еден татко предизвика дебата и стана вирален хит... Тој за својата 1-годишна ќерка купи персонализиран раскошен автомобил, кој таа нема да може да го вози уште 17 години. Соодветно или претерано?

Индискиот бизнисмен Сатиш Санпалм, кој живее во Дубаи, стана вирален хит со еден потег.
Тој ги надмина сите екстравагантни гестови кои ги гледаме на социјалните мрежи.

По повод Денот на таткото во Дубаи, Санпал ја изненади својата едногодишна ќерка Изабела со подарок – специјално изработен розов Rolls-Royce автомобил за неа.

Видеото објавено на Инстаграм го прикажува овој бизнисмен, основач на компанијата ANAX Developments, како пристигнува во луксузниот салон за автомобили со својата сопруга Табинда и нивната мала ќерка.

Следува сцена како од филм со розови балони, музика, танцување и блескав автомобил што се открива пред дете, кое буквално нема да може да го вози уште најмалку 17 години.
Соодветно или претерано?




Кликнете на видеaта:
Но, ова не е прв грандиозен момент во животот на Изабела.
Во февруари, нејзиниот прв роденден беше спектакл, одржан во Atlantis The Royal, еден од најлуксузните хотели во Дубаи.