Милионер краде капа која тенисер му ја дава на дете по победата на US Open - јавноста згорозена (видео)
- Детали
- недела, 31 август 2025
„Прво украде од дете, па се фалеше со тоа, а потоа почна да се заканува со тужби против сите кои оставиле негативен коментар“ - пишуваат луѓето откако дознаа дека богаташ од Полска му ја зеде од раце капата на момчето.

Победата на полскиот тенисер Камил Мајшак во второто коло на US Open остана во сенка на згрозувачкиот инцидент кој се случи на трибините, додека потпишуваше автограми.
Полскиот тенисер Мајшак се пласираше во третото коло на US Open и по победата замина да даде неколку автограми на фановите на трибините.
Додека се потпишуваше на тениските топчиња, во еден момент ја извади капата што ја носеше во текот на мечот за да му ја даде на момче од публиката, но возрасен маж му ја извлече од рака и ја стави во торбата на сопругата.
Во исто време таа насмеана го снима тенисерот како си заминува, но и капата во нејзината торба.

Видеото од срамниот момент веќе неколку дена се споделува на социјалните мрежи, а јавноста не крие дека е згрозена од постапката на мажот.
Во меѓувреме открија дека станува збор за полскиот бизнисмен и милионер, Пјорт Шчерек, сопственик на компанијата за поплочување Drogbruk, позната по своите идејни решенија за уредување пејзажи, спортски спонзорства и програми за заедницата, а која вложува средства за поддршка на млади спортисти.
Ова дополнително предизвика револт во јавноста, бидејќи мажот кој ја „краде“ капата од детето е богат претприемач.

Во јавноста сега го нарекуваат „крадец“, „измамник“, „бизнис лидер кој треба да се засрами и извини“.
Негативните реакции во целиот свет се толку големи, што луѓето почнаа да оставаат негативни осврти на Google на неговата бизнис страница, само за да му го урнат рејтингот.
„Прво украде од дете, па се фалеше со тоа, а потоа почна да се заканува со тужби против сите кои оставиле негативен коментар“ - пишуваат луѓето.

По инцидентот, Камил Мајшак успеа да го најде детето од чии раце беше украдена капата, па се сретнаа, се фотографираа, а тенисерот лично му даде нова капа на малиот фан.
Погледнете го видеото од срамниот момент на US Open:
А. Ј. | Црнобело