Застрашувачко видео го потресе светот: Маж треска од земја 18-месечно детенце, кое стои до него на аеродром

„Монструм, потресно“... Ова е едно од најзгрозувачките видеа што осамна во светот. Маж на аеродром во Москва, без причина треска од земја 18-месечно детенце кое стои до него, додека мајката е по количката и багажот.

zastrashuvachko-video-go-potrese-svetot-mazh-treska-od-zemja-2-godishno-momche-koe-stoi-do-nego-na-aerodrom-01.jpg

Потресна снимка, снимена на аеродром во Москва, го обиколи светот.

На неа е прикажан ужасниот момент кога турист крева и фрла беспомошно 18-месечно дете со глава на подот на аеродромот.

Момчето сега се бори за живот. Тоа е во кома со сериозни фрактури на черепот и повреди на 'рбетот.

Според изворите на DailyMail, детето и неговата мајка избегале од бомбардирањето во Иран и штотуку пристигнале во Русија.

Осомничен е Владимир Витков (31) од Белорусија. Тој е снимен како го набљудува детето кое стои покрај неговиот куфер, потоа се уверува дека никој не го гледа и го прави грозоморното дело.

zastrashuvachko-video-go-potrese-svetot-mazh-treska-od-zemja-2-godishno-momche-koe-stoi-do-nego-na-aerodrom-04.jpg

Настанот се случил додека бремената мајка на детето ја подигала количката по пристигнувањето на нивниот лет.

Еден човек веднаш притрчал на помош на тешко повреденото дете, а руските власти испитуваат дали нападот имал расистичка или друга основа.

Очевидци велат:

„Монструм под дејство на дрога зграпчи мало дете и го фрли на подот со сета сила. Ова е навистина тешко за гледање.

Се надеваме дека овој монструм ќе ја добие максималната казна според законот. Му посакуваме на детето брзо закрепнување, а на родителите сила да го издржат ова...“

zastrashuvachko-video-go-potrese-svetot-mazh-treska-od-zemja-2-godishno-momche-koe-stoi-do-nego-na-aerodrom-05.jpg

Според властите осомничениот не можел да ги објасни своите постапки.

Пред нападот, Витков пристигнал во Москва од Кипар или Египет, а набргу по инцидентот бил уапсен и сега е под истрага за обид за убиство.

zastrashuvachko-video-go-potrese-svetot-mazh-treska-od-zemja-2-godishno-momche-koe-stoi-do-nego-na-aerodrom-03.jpg

Витков наводно има ќерка на иста возраст како момчето што го нападнал. Негова пријателка изјавила дека е „шокирана“ од неговото однесување.

zastrashuvachko-video-go-potrese-svetot-mazh-treska-od-zemja-2-godishno-momche-koe-stoi-do-nego-na-aerodrom-02.jpg

Инцидентот се случил малку пред полноќ, на аеродромот Шереметјево, кој е најпрометниот во Русија, со повеќе од 40 милиони патници и над 300.000 летови годишно.

Вознемирувачкото видео:

?s=46&t=5MynhaJVftqNUgKVU8t3aQ

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Татко го фрла синот (7) од висока карпа во вода - видео што го разлути светот и ги подели мислењата „Ова изгледа страшно, овој татко е премногу груб кон детето“... се некои од осуд...
Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...
Љубовта на норвешкиот фудбалер Халанд - на девојката фудбалерка ѝ купи чанта од 380.000 евра, растел... Тие се моќно модно дуо, а нивната љубовна приказна е уникатна – се познаваат од ...
„Се вљубив во воин од племе во Кенија – ги оставив сопругот и децата за него, но направив огромна гр... Додека била на одмор во Кенија, жена од Англија се вљубила во воин од племето Ма...
„Живееме на трoпски остров со 100 плажи и 30˚C, но постои мрачна страна - бездомните кучиња“ „На Маурициус практично живееме надвор. И храната е неверојатна. Има многу штанд...
„Луѓе ми плаќаат 5.000€ да се појавам на нивниот погреб за да откријам мрачни тајни или да пренесам ... „Во името на една старица пред ужалените кажав дека таа не му е мајка на нејзини...

Најчитани неделава