Кејт Мидлтон се отвори за тешкото закрепнување од ракот: „Не си способен да функционираш нормално како некогаш“
- Детали
- четврток, 03 јули 2025
„Ставаш маска и се правиш дека си храбар, минуваш цврсто низ третманот, а кога ќе заврши си велиш - сега ќе продолжам нормално. Но, фазата по ова е многу, многу тешка. Не си способен да функционираш нормално дома, како што некогаш си го правел тоа“ - вели искрено Кејт Мидлтон за закрепнувањето од ракот, во разговор со пациенти кои се борат со болеста.

Во март 2024, принцезата Кејт Мидлтон откри дека ѝ дијагностицирале рак и дека оди на превентивна хемотерапија, која ја завршила во септември истата година.
Брзо по хемотерапијата, таа се врати на кралските должности и се појавуваше на настани посилна од кога било.
Сепак, таа тогаш призна отворено, дека тие 9 месеци биле најтешки за неа и дека е многу среќна што конечно завршила со терапијата, иако и по неа следи период на закрепнување.
Прочитајте и Кејт Мидлтон: „Конечно завршив со хемотерапија по 9 тешки месеци, ракот е страшно патување“
Сега, речиси една година подоцна, принцезата од Велс беше во посета на болница во Англија, каде накратко им се обрати на пациентите, волонтерите и на персоналот.
Во своето обраќање, таа искрено зборуваше за борбата и колку е тешко закрепнувањето од ракот.
„Ставаш маска и се правиш дека си храбар, стоички и цврсто минуваш низ третманот, а потоа третманот завршува – и си велиш, сега можам да продолжам, да се вратам во нормала.
Но всушност, фазата која следи потоа е навистина многу тешка.
Не е неопходно да бидеш под клинички надзор веќе, но не си способен да функционираш нормално дома, како што некогаш си го правел тоа“ – признава таа.

Принцезата го опиша лекувањето како голема животна промена, не само за пациентите, туку и за нивните сакани, велејќи: „Тоа е ролеркостер, не е рамна и мазна патека“.
Кликнете на видеото:
Инаку, за време на посетата на болницата, таа се фокусираше на градината, која им помага на пациентите да се поврзат со природата за време на лекувањето, а ја засади „розата Кетрин“, која беше именувана во нејзина чест.

„Градините во здравствените центри играат голема улога во резултатите и доброто здравје, во изминатата година, природата беше мојот храм“ – изјави таа.
М. М. | Црнобело