Вознемирувачко видео: Избеган лав кој бил чуван како миленик нападна жена и 2 деца во Пакистан

Минатата недела, од двор во престолнината на Пакистан избегал лав кој нападна жена и две деца. Иако се повредени, тие не се во критична состојба, а надлежните открија дека веќе ги уапсиле сопствениците кои нелегално го чувале лавот, и тоа во населено место.

voznemiruvachko-video-izbegan-lav-napadna-zhena-i-2-deca-vo-pakistan-sopstvenicite-se-uapseni01.jpg

Чувањето лавови, тигри и слични животни како миленици е забрането во скоро секоја држава или барем треба да се поседува соодветна дозвола.

Но, некои луѓе нелегално успеваат да допрат до вакви миленици и ги чуваат, без разлика што се изложуваат на ризик не само себеси, туку и другите во нивната околина.

Дека чувањето вакво животно како миленик е опасно покажа и неодамнешен инцидент во Пакистан во кој, за среќа, немаше жртви.

Во Лахор, престолнината на Пакистан, семејство со голема куќа во богато соседство на градот чувало лав.  Но, во четвртокот (03.07), лавот побегнал и нападнал жена и две деца.

voznemiruvachko-video-izbegan-lav-napadna-zhena-i-2-deca-vo-pakistan-sopstvenicite-se-uapseni-04.JPG

Локалната полиција сподели и видео направено со безбедносна камера на кое се гледа страшниот момент.

На видеото се гледа како лавот го прескокнува бетонскиот ѕид што го оградува имотот и веднаш тргнува кон жена која во тој миг поминува оттаму.

Жената некако успева да побегне, а оддалеку се гледа како лавот пробува да нападне и две деца.

voznemiruvachko-video-izbegan-lav-napadna-zhena-i-2-deca-vo-pakistan-sopstvenicite-se-uapseni-05.JPG

Според полицијата, децата биле на возраст од 5 и 7 години, а заедно со жената веднаш биле пренесени во болница.

Жената и децата се здобиле сo повреди на лицето и рацете, но сите тројца биле во стабилна состојба.

Од полицијата открија и дека лавот бил заловен и испратен кај надлежните институции за да му се најде соодветен дом.

voznemiruvachko-video-izbegan-lav-napadna-zhena-i-2-deca-vo-pakistan-sopstvenicite-se-uapseni-06.JPG

Надлежните велат дека луѓето кои го чувале лавот немале соодветна лиценца, поради што кривично ќе одговараат и може да добијат затворска казна во траење до седум години и парична казна од околу 17.000 евра.

„Ќе ја бараме највисоката казна бидејќи лавот бил чуван нелегално“, велат надлежните во изјава за CNN.

voznemiruvachko-video-izbegan-lav-napadna-zhena-i-2-deca-vo-pakistan-sopstvenicite-se-uapseni-03.JPG

Чувањето лавови во Пакистан се гледа како статусен симбол и не е реткост. Но, оние кои сакаат да чуваат лав како миленик, треба да имаат соодветна дозвола. Исто така, не смеат да го чуваат животното во населено место.

„Овој несреќен инцидент покажува како дивите животни честопати се чувани без лиценца или дозвола, со што се загрозуваат животите на многу луѓе“, велат од полицијата.

voznemiruvachko-video-izbegan-lav-napadna-zhena-i-2-deca-vo-pakistan-sopstvenicite-se-uapseni-02.JPG

Надлежните соопштија и дека почнуваат акција за да ги лоцираат луѓето кои чуваат лавови без лиценца и досега заловиле 18 животни, а уапсиле пет лица.

Погледнете го видеото:

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Жена (50) од Велика Британија за тајната на бракот со 31-годишниот сопруг: „Клучот е силното либидо“ По 4 години брак, Каролин Станбери (50) ужива во интимноста со поранешниот фудба...
Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...
„Син ми тежи 14kg на 6 месеци – ме критикуваат дека му давам премногу храна, не го собира во количка... Кога жена го родила своето четврто бебе, тоа имало просечна тежина од околу 3,2 ...
„Се разведов по 30 години, ги оставив децата и се преселив на другиот крај од светот – првпат се чув... Штом нејзините деца завршиле средно, Синди од САД сфатила дека е уморна од својо...
Го остави сопругот милијардер бидејќи се дружеше со педофил: Каде е денес Мелинда Гејтс? Мелинда Гејтс има релативно скромно потекло и самата успеа за изгради име за себ...
Зошто бившиот сопруг сè уште ја посетува Андреа Јејтс, 25 години откако таа ги удави нивните 5 деца ... На 20 јуни 2001 година, домаќинката Андреа повикала полиција и признала пред пол...

Најчитани неделава