Жена со облини стана мета на хејтери поради изгледот во бикини на плажа: „Секогаш тие без профилна фотка плукаат отров“
- Детали
- четврток, 10 јули 2025
„'Oслаби', ми велат... Дали сте размислиле дека не ми е гајле и дека навистина мислам дека сум згодна?“, вели Ерин Марли Клеј oд САД, која стана мета на критики поради килограмите на Твитер, откако објави фотки во костим за капење на плажа.

Плус-сајз моделот Ерин Марли Клеј oд САД објави низа фотографии како самоуверено позира во портокалови бикини на плажа, па стана вирален хит, а потоа за хејтерите објави уште една фотосесија, овој пат во црвени монокини, и напиша:
„Процент на телесни масти“, „Oслаби“... Дали сте размислиле дека не ми е гајле и дека навистина мислам дека сум згодна?“


По ова, таа како на Инстаграм, така и на Твитер, ја разгоре дебатата и доби низа негативни коментари, но и поддршка.

Објавата на Твитер има повеќе од 75 милиони прегледи и отвори жестока дебата за стандардите за убавина.
Еден од коментарите гласи:
„Можеш да бидеш згодна, но си предебела. Треба само калориски дефицит. Можеби и прошетки низ маало после работа...“

Но, Клеј возврати со одговор на Твитер на своите хејтери:
„Многу од овие мажи ни не знаат дека сум модел со неколку успешни кампањи зад себе, па кога се обидуваат да ме навредат, тоа ми е навистина смешно. Мојата професија зборува сама за себе!“

Дополнително, таа откри дека 80% од нејзините онлајн следбеници се мажи – што го користеше како доказ против критиките за нејзината привлечност.

По нејзиниот одговор, таа доби огромна поддршка од други следбеници:
„Ние сме единствената генерација каде мажи се жалат на убава жена во бикини“.
„Момците во коментарите се критички настроени кон жена што никогаш нема ни да ги погледне во живо“.
„Секогаш тие без профилна фотографија плукаат отров врз убави жени. Дното на човештвото мисли дека нивното мислење вреди нешто“.

Клеј, која има над половина милион следбеници на социјалните мрежи, има работено со брендовите Fashion Nova Curve и Selkie, а има и Јутјуб канал каде споделува совети за мода и убавина за жени со облини.

На крајот им се заблагодари на поддржувачите и им порача на другите жени:
„Не дозволувајте општествените предрасуди да ве спречат да живеете слободно. Што некој мисли за вашиот изглед кажува само за него, не за вас.“
„Луѓето полни со омраза се далеку понесреќни од вас – затоа самоуверено носете си бикини на плажа. Излезете и живејте си го животот“.

