Фотки од породувањето на Оливија Кулпо, Мис Универзум која зборуваше за борбата со ендометриоза: „Морам да имам деца“
- Детали
- вторник, 15 јули 2025
Го држи цврсто саканиот за рака додека се пораѓа, а потоа се прегрнуваат додека новороденчето ѝ лежи на гради на бокс – искрени фотки од породувањето на Оливија Кулпо, која отворено зборуваше за борбата со ендометриоза и стравот дали ќе има деца.

Поранешната Мис Универзум, Оливија Кулпо и нејзиниот сакан, рагбистот Кристијан МекКафри го добија нивното прво дете, една година откако се венчаа.
Оливија на својот Инстаграм профил објави фотографии со кои соопшти дека се породила.
Во низата фотки, има интимни моменти од породувањето, кадри на кои се гледа како таа го држи цврсто за рака саканиот, а потоа се прегрнуваат со најновиот член на семејството.


Манекенката роди девојче, кое го доби името Колет Аналис МекКафри.
Инаку, во минатото, таа отворено зборуваше за борбата со ендометриозата, како и за стравот дали ќе може да има деца.
„По голем број погрешни дијагнози, конечно ја дознав вистината, дека имам ендометриоза и дека морам на операција, се чувствувам под притисок да добијам дете веднаш.
Ендометриозата влијае врз плодноста на различни начини.
Не знам што ќе се случи во иднина со таа состојба и постојано се грижам дека нема да имам доволно време, чувствувам дека треба веднаш да имам деца “ – рече Оливија Кулпо во нејзината исповед за борбата со оваа болест.
Прочитајте повеќе: Поранешната Мис Универзум за ендометриозата: „Со години лекарите ми велеа дека болките се нормални, а сега морам на операција“
Повеќе фотки кои Оливија ги објави по породувањето:




М. М. | Црнобело