Сопругата на Диого Жота оставила емотивно писмо на ковчегот: „Не сум далеку, тука сум, од другата страна“
- Детали
- вторник, 15 јули 2025
„Не можеме да живееме толку колку што сакаме и ќе умреме дури и да не сакаме. Зошто да не бидам во твоите мисли и во твојот ум, само затоа што не ме гледаш?“ - пишува во пораката што сопругата на Жота ја држеше во раката за време на погребот на славниот фудбалер.

Десет дена од погребот на ѕвездата на Ливерпул, Диого Жота, неговата трагична несреќа и понатаму е во центарот на вниманието на спортската јавност.

Откако неговото семејство, соиграчите и илјадници фанови се простија од Жота и неговиот помал брат на погребот во Португалија, фановите и понатаму оставаат цвеќиња, палат свеќи пред стадионот Енфилд и им оддаваат почит на прерано загинатите фудбалери.

Неодамна сопругата на Жота, Рут Кардозо, и соиграчите од Ливерпул, дојдоа да го посетат местото каде што фановите ги оставаат своите пораки за загинатиот напаѓач.
Потоа, местото го посетија и неколку фудбалери од Манчестер Јунајтед, за во името на целиот клуб да се простат од Жота.
Но, сега во јавноста беше објавена и содржината на пораката што сопругата на Диого ја држеше во својата рака додека траеше погребот, а која потоа, скршена, ја спушти на неговиот ковчег.

Станува збор за еден вид на некролог, со фотографија од Диого Жота, датумот на неговото раѓање и смртта, и емотивна порака посветена на него, а го добија оние што беа во црквата и присуствуваа на погребот на Жота.
„Не можеме да живееме толку колку што сакаме и ќе умреме дури и да не сакаме. Зошто да не бидам во твоите мисли и во твојот ум, само затоа што не ме гледаш?
Не сум далеку, јас сум на другата страна, веднаш зад аголот. Не грижи се, сè е во ред“.
За потсетување, Диого Жота и неговиот брат загинаа во тешка сообраќајна несреќа во Шпанија, ноќта помеѓу 2 и 3 јули, само 11 дена откако славниот фудбалер се венча со својата љубов од детството.
Прочитајте и Погребан Диого Жота - Сопругата облечена во бело, бдението се одржа во црквата каде се венчаа пред 2 недели
А. Ј. | Црнобело