„Ѝ дозволив на другарка да живее кај мене додека сум странство - го изнајмувала станот за пари, ме обвини дека сум лоша пријателка“
- Детали
- недела, 20 јули 2025
„Пред неколку месеци, се вратив дома ненајавена. Имав резервен клуч од станот, па едноставно влегов... и бев шокирана. Најдов непознат маж како стои во дневната соба“.

Природно е да сакаме да им помогнеме на пријателите во неволја кога можеме, особено ако ни помогнале во минатото.
Но, што ако чинот на добрина се претвори во нешто друго, а личноста што сме мислеле дека ни е пријател нè искористи?
Ова е приказна за едно такво „пријателство“:
„Минатата година се преселив во странство поради работа. Пред да заминам, мојата најдобра пријателка, Ана, ми кажа дека има финансиски проблеми.
Ѝ предложив да се пресели во мојата гарсониера и да живее таму без кирија додека не застане на нозе.
Сметав дека тоа е најмалку што можам да направам за неа, особено затоа што ми помогна пред неколку години, кога се мачев и немав каде да живеам. Чувствував како да ѝ враќам.
А од странство, од време на време ја прашував како одат работите.
Ми кажуваше дека се подобруваат - менува работни места, или работи по неколку работи одеднаш, почнува да штеди пари и нејзината ситуација полека се стабилизира.
Ја уверив дека не треба да брза, туку може да остане колку што ѝ треба во станот. Секогаш ми се заблагодаруваше и велеше дека е одлично што има пријател како мене.

Но, пред неколку месеци, се вратив дома ненајавена. Помислив дека би било убаво да поминам докај неа на вечера и да поразговараме.
Имав резервен клуч, па едноставно влегов... и бев шокирана. Најдов непознат маж како стои во дневната соба.
Имаше момент на конфузија. Човекот изгледаше загрижено, исплашено, а ја набрзина му објаснив дека си барам пријателката што живее тука.
Мажот ми одговори дека е тука под кирија и дека станот го изнајмува од некоја девојка.
Останав без зборови. Промрморев дека е недоразбирање и си заминав. Веднаш ја повикав Ана затоа што мислев дека нешто се случило.
Кога ми се јави и ја прашав што се случува, ми призна дека не живее таму веќе неколку месеци. Но, добила идеја да го изнајмува станот и така да заработи екстра пари.
Според неа, бидејќи и онака не го користам станот, не е голема работа што некој друг ќе живее во него.

Бев шокирана. Ѝ реков дека разбирам дека ѝ требаат пари, но тоа сепак не беше нејзин стан. Ја оставив неа да живее таму, а не да го издава на странци.
На мажот му дадов на неколку недели да најде друг стан и да си замине, а на Ана ѝ го побарав клучот назад.
Ова ја налути. Рече дека сум себична затоа што имам повеќе отколку што ми треба, а таа нема ништо, дека се преправам дека сум дарежлива, но тоа го правам само кога ми одговара.
Овие зборови ме болеа. А таа престана да зборува со мене.
Некои заеднички пријатели мислат дека претерав. Ако не го користам станот, која е поентата што не ѝ дозволувам на неа да го рента на друг?
Но, се чувствував искористена. Таа ме уверуваше дека нејзината ситуација се подобрува. Зошто ме излажа?
Но, се чувствувам виновна кога гледам дека работите не ѝ одат толку добро во животот и се прашувам дали постапив правилно“.

А. Ј. | Црнобело / фото: Freepik.com