Монструм, кој сексуално злоставувал девојче (4), по 30 години е зад решетки - таа дочека правда, денес е среќна мајка и сопруга

„Со брат ми бевме да преспиеме кај тетка ми, додека мајка ми беше излезена. Се сеќавам многу малку, само дека носев пижами со коњчиња. Кога се разбудив, некој ме злоставуваше. Го препознав, тоа беше пријател на мојата братучетка...“, ја започнува својата емотивна исповед Кејли Томпсон (35) од Велика Британија, која собрала храброст за да истера правда по 3 децении.

monstrum-koj-seksualno-zlostavuval-devojche-4-po-30-godini-e-zad-reshetki-taa-docheka-pravda-denes-e-srekjna-majka-i-sopruga-01.jpg

И покрај сета болка и долгото чекање, приказната на Кејли Томпсон (35) од Велика Британија носи моќна порака: правдата може да дојде, дури и по многу години.

Нејзината храброст да проговори, да се соочи со минатото и да застане во одбрана на себеси и другите е инспирација за сите жртви на сексуално насилство.

Со нејзиното сведоштво, таа не само што доби правда за себе, туку и охрабрува други жртви да не молчат, без разлика колку време поминало.

monstrum-koj-seksualno-zlostavuval-devojche-4-po-30-godini-e-zad-reshetki-taa-docheka-pravda-denes-e-srekjna-majka-i-sopruga-02.jpg

Оваа приказна потсетува дека срамот никогаш не треба да го носат жртвите, тој припаѓа на сторителите.

Инаку, Кејли на само 4-годишна возраст била жртва на злоставување на Томас Браун (47), кој тогаш имал 16 години.

Томас Браун годинава беше прогласен за виновен за злоставување на Кејли Томпсон.

monstrum-koj-seksualno-zlostavuval-devojche-4-po-30-godini-e-zad-reshetki-taa-docheka-pravda-denes-e-srekjna-majka-i-sopruga-03.jpg

Тој беше осуден на само две години затвор, што, за жал, е максималната казна што можел да ја добие според поблагите закони од 1990-тите, кога злосторството било извршено.

Кејли, која денес е мајка на три деца, вели:

„По нападот, го видов и ми го исплази јазикот. Тоа беше слика што ме прогонуваше со години. Конечно можам да го оставам тоа зад себе и да гледам напред.

Како четиригодишно дете се борев против нападот и сè уште се борам и денес. Тој е кукавица и ми е мило што луѓето конечно можат да видат кој е навистина“.

monstrum-koj-seksualno-zlostavuval-devojche-4-po-30-godini-e-zad-reshetki-taa-docheka-pravda-denes-e-srekjna-majka-i-sopruga-04.jpg

Кејли и нејзиниот брат Сем, тогаш на возраст од 6 години, биле на чување кај нивната братучетка, во домот на тетка им, додека нивната мајка била излезена една вечер во 1994 година.

Кејли за настанот вели:

„Бевме да преспиеме кај тетка ми, додека мајка ми беше излезена. Се сеќавам многу малку, само дека носев пижами со коњчиња.

Кога се разбудив, некој ме злоставуваше. Го препознав, тоа беше Томас Браун, пријател на мојата братучетка.

Бев исплашена и збунета, чувствував дека тој ме повредуваше, па викнав и го турнав.

Ме удри со тупаница и паднав на креветот. Кога се освестив, го немаше, а лицето ме печеше“.

Кејли потоа слегла долу, но братучетка ѝ спиела на каучот.

„Не можев да ја разбудам, но слушнав звук од кујната и таму се појави Томас Браун.

Ми го исплази јазикот пред да излезе од куќата.

Се преплашив. Побегнав повторно горе и брат ми се разбуди и ме врати во кревет...“

Следното утро, Кејли имала модринка под окото.

„Им реков на сите дека Томас Браун ме удрил, но не можев да им кажам за злоупотребата. Немав зборови на таа возраст. Не знаев што ми се случило“.

monstrum-koj-seksualno-zlostavuval-devojche-4-po-30-godini-e-zad-reshetki-taa-docheka-pravda-denes-e-srekjna-majka-i-sopruga-06.jpg

Семејството на Кејли ја пријавило физичката повреда во полиција, но, шокантно, не била преземена никаква понатамошна акција.

По нападот, таа се плашела да ја напушти својата соба навечер и почнала да мокри во кревет.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Станав полицаец откако очувот ја уби мајка ми – сега им помагам на жртви на семејно насилство“ „Беше чудно кога гледав како очувот го изнесува полиција бидејќи ја удрил мајка ...
Позитива на денот: Полицајци чуваат детенце накиснато од дожд, за мајката доставувач да ја направи и... „Врне силно, а јас морам да доставам храна. Може ли да го оставам син ми тука на...
8 години беше љубовница на оженет маж со три деца, па му роди ќерка - Бурниот љубовен живот на Лаура... Иако важи за една од миленичките на италијанската музичка сцена, жена која е и п...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
Го остави сопругот милијардер бидејќи се дружеше со педофил: Каде е денес Мелинда Гејтс? Мелинда Гејтс има релативно скромно потекло и самата успеа за изгради име за себ...

Најчитани неделава