Монструм, кој сексуално злоставувал девојче (4), по 30 години е зад решетки - таа дочека правда, денес е среќна мајка и сопруга

„Имав лоши спомени целото мое детство, а кога имав 16 години, почнав да работам во бар и Томас Браун една вечер влезе.

Веднаш го препознав. Имав толку многу лоши сеќавања на него, што никогаш не го заборавив.

Снемав крв. Се свртев, одбив да го погледнам и излегов од барот“.

Кејли вели дека со Томас имале заеднички пријатели на Фејсбук и сфатила дека тој е во контакт со луѓе што имаат деца.

„Морав да проговорам, но колку што поминуваше времето, толку потешко стануваше.

Пиев многу за да се справам и им се доверував на пријателите кои постојано ме охрабруваа да одам во полиција. Се обидував тоа да не ми го засени животот, но спомените од нападот постојано ми се враќаа“.

Кејли подоцна го запознала нејзиниот сопруг Џејмс и денес имаат три сина заедно.

monstrum-koj-seksualno-zlostavuval-devojche-4-po-30-godini-e-zad-reshetki-taa-docheka-pravda-denes-e-srekjna-majka-i-sopruga-05.jpg

„Џејмс и моето семејство знаеја за злоупотребата и секогаш ми беа поддршка, но не бев подготвена да зборувам со полицијата“.

Во 2021 година, како дел од нејзината работа како соработник за развој на заедницата, Кејли била поканета да се приклучи на советодавна група во Центарот за силување и сексуална злоупотреба во Бредфорд.

„Работејќи таму и разговарајќи со други преживеани, сфатив дека си должам на себе и на сите жени да проговорам“.

Кејли отишла во полиција во ноември 2021 година, а 47-годишниот Браун се појавил пред судот во април оваа 2025 година.

„Вкрстеното испрашување беше тешко. Бранителот постојано го доведуваше во прашање моето сеќавање на настаните, но, знаев дека ја зборувам вистината и се држев до тоа“.

Браун конечно бил осуден на две години затвор и впишан на регистарот на сексуални престапници за период од десет години.

„Процесот беше многу стресен. Не добив никаква поддршка пред судењето. Кога ме испрашуваа, ме однесоа во т.н. ‘Соба за ранливи жртви’, на што се спротивставив. Јас не сум жртва и не ми се допаѓа да бидам така етикетирана.

Среќна сум што добив правда и што тој конечно е разобличен. Јас носев срам со години, но сега срамот е целосно негов.

Како што беше кога имав 4 години, така и сега, сè уште се борам, сè уште стојам цврсто за себе и сакам да застанам и во одбрана на другите преживеани.

Би ги охрабрила сите преживеани да проговорат, без разлика колку време поминало. Процесот не е лесен. Но, навистина помага за закрепнување и ставање на точка“.

Кејли и понатаму работи во Центарот за поддршка на жртви на силување и сексуална злоупотреба во Бредфорд.

monstrum-koj-seksualno-zlostavuval-devojche-4-po-30-godini-e-zad-reshetki-taa-docheka-pravda-denes-e-srekjna-majka-i-sopruga-07.jpg

С. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Станав полицаец откако очувот ја уби мајка ми – сега им помагам на жртви на семејно насилство“ „Беше чудно кога гледав како очувот го изнесува полиција бидејќи ја удрил мајка ...
Позитива на денот: Полицајци чуваат детенце накиснато од дожд, за мајката доставувач да ја направи и... „Врне силно, а јас морам да доставам храна. Може ли да го оставам син ми тука на...
8 години беше љубовница на оженет маж со три деца, па му роди ќерка - Бурниот љубовен живот на Лаура... Иако важи за една од миленичките на италијанската музичка сцена, жена која е и п...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
Го остави сопругот милијардер бидејќи се дружеше со педофил: Каде е денес Мелинда Гејтс? Мелинда Гејтс има релативно скромно потекло и самата успеа за изгради име за себ...

Најчитани неделава