Се омажила за стар милионер болен од рак – починал по 24 часа, па наследила сè: Бизарниот случај што ја разбранува јавноста
Сепак, овие изјави дополнително го разгневиле семејството на милионерот бидејќи според нив, тој бил и педофил, штом на 40-годишна возраст почнал врска со тинејџерка.
Пријателите на Лиса стојат на ставот дека нивната љубов била вистинска, и покрај возрасната разлика.
„Иако се разделија кога Лиса беше во 20-тите, Џозеф беше голем дел од нејзиниот живот. Нејзините деца ги гледаше како негови“.
Наводно, откако се разделила со сопругот, Лиса живеела во скромна куќа со трите деца, во близина на фармата на Џозеф и се грижела за него.
Кога здравјето почнало да му се влошува, практично се преселила кај него за да може да му помага.
И покрај ова, неговото семејство се сомнева во приказната на Лиса бидејќи никој не дознал за венчавката дури по неговата смрт.
Сомнително им е и тоа што телото на Џозеф било балсамирано веднаш, како некој да сакал да прикрие нешто.
Притоа, во последните денови, кога состојбата му се влошила, семејството истакнува дека Лиса не повикала лекар во домот.
Сослушувањето веќе заврши и беше утврдено дека смртта најверојатно била природна, односно последица на ракот или третманите за болеста.
Па, Лиса дефинитивно ги наследува милионите на починатиот сопруг, заедно со неговиот огромен имот.
Таа стои на ставот дека не го искористила Џозеф за пари, а по последното сослушување ја напушти судницата во солзи.
Засега не е познато дали семејството на милионерот планира да преземе уште нешто.
Спирова С. | Црнобело