Братучетка (20) на принцовите Вилијам и Хари пронајдена мртва со пиштол до неа – во ’80-тите, дедо ѝ се самоубил поради депресија
- Детали
- вторник, 22 јули 2025
Втора братучетка на Хари и Вилијам била пронајдена мртва со пиштол покрај неа. Причината за смртта не е откриена во јавност, но надлежните сметале дека не била насилна и дека не бил вмешан некој друг. Во 1980-тите, дедото на девојката извршил самоубиство бидејќи имал депресија.

Кратко пред 12-тиот роденден на принцот Џорџ, британското кралско семејство се соочи со трагедија.
Имено, 20-годишна братучетка на принцовите Хари и Вилијам била пронајдена мртва во нејзиниот дом, со пиштол покрај неа.
Телото на Роузи Рош, која им е втора братучетка на принцовите, било пронајдено од страна на нејзините мајка и сестра, во семејна куќа на село.
Наводно, младата девојка се подготвувала за патување со пријателките и засега не е откриена причината за смртта.
Според досегашните информации, телото на младата девојка било пронајдено на 14-ти јули, а набрзо потоа семејството повикало брза помош.
Надлежните изјавија дека не сметаат дека Роузи била убиена, ниту дека смртта била насилна, но не е познато дали можеби самата си го одзела животот.
Роузи е ќерка на Хју Бурк Рош и Пипа Лонг, а нејзината конекција со кралското семејство е преку принцезата Дијана.
Баба ѝ на Роузи, Мери Бурк Рош, ѝ била прва братучетка на принцезата Дијана. Па, Роузи им е втора братучетка на принцовите Хари и Вилијам.
Принцовите и Роузи имаат заеднички прадедо, кој бил барон од семејството Фермој кое, пак, е дел од пошироката британска аристрократија.
Принцезата Дијана со дел од семејството на Роузи
Она што е морничаво во целата ситуација е тоа што дедото на Роузи, кој исто така ја наследил титулата барон, во 1984 година извршил самоубиство.
Тој страдал од депресија и самиот се застрелал со пиштол.
Бабата и дедото на Роузи
Минатиот февруари, пак, друг член од поширокото кралско семејство изврши самоубиство – Томас Кингстон кој беше сопруг на втора братучетка на Вилијам и Хари.
И тој страдал од депресија и примал терапија. Но, наводно, неколку денови пред смртта престанал да ги пие лековите.
Томас Кингстон и сопругата
Засега принцот Вилијам и принцот Хари се немаат огласено за смртта на нивната братучетка.
Во тек е истрага за трагедијата, а сослушувањето е закажано за октомври годинава.
Спирова С. | Црнобело