Шефица открива дека им дава половина час пауза за мастурбација на вработените во текот на работниот ден
- Детали
- среда, 30 јули 2025
„Вистината е дека мастурбацијата може да им помогне на луѓето да се справат со стресот, да го регулираат сонот и да се поврзат со своето тело“, вели Ерика Луст од Шведска, која има продукциска куќа за снимање филмови за возрасни во Барселона и стана светски хит со воведувањето „мастурбациска пауза“ на работа.

Ерика Луст (родена како Ерика Халквист) од Стокхолм, Шведска, е режисерка, сценаристка и продуцентка во сферата на порноиндустријата.
Таа има свое продукциско студио во Барселона, кое се фокусира на феминистичка, етичка порнографија со висок квалитет и креативен пристап.

Ерика се истакна како една од водечките фигури што го променија начинот на кој сексуалноста се прикажува во медиумите, со вложување во реалистични приказни, консензус и репрезентација од женска перспектива.

Таа сега е хит во светските медиуми поради тоа што е шефица која откри дека им дава на своите вработени половина час пауза за мастурбација за време на работниот ден.

Тие смеат да посетуваат т.н. „станицата за мастурбација“ за да се ослободат од стресот додека се на смена.
Ерика вели дека има развиено проверен метод за да им помогне на своите вработени да се ослободат од стрес и вознемиреност, со тоа што го нормализира она што обично се смета за непрофесионално.

Говорејќи за тоа зошто им дава можност на вработените за половина час „мастурбациска пауза“ за време на работното време, Луст објаснува:
„Вистината е дека мастурбацијата може да им помогне на луѓето да се справат со стресот, да го регулираат сонот и да се поврзат со своето тело и сексуални желби, меѓу другите придобивки“.

Во повратните информации од вработените за оваа необична иницијатива, многумина признале дека чувствувале помала агресија и биле попродуктивни.
„Добиваат паузи за мастурбација. Ако им треба, секогаш се охрабрени да го направат тоа. Тоа ја елиминира анксиозноста...“, потврдува Ерика.

С. С. | Црнобело