Ралф Шумахер ужива на јахта со дечкото - поранешниот возач на Формула 1 по бракот се вљуби во Французин
- Детали
- четврток, 26 јуни 2025
Ралф Шумахер, еден од најуспешните Формула 1 возачи, беше во брак 14 години, има 23-годишен син, но веќе една година jaвно ужива во љубовта со Французинот Етјен. Парот разменуваше емоции на јахта.

Поранешниот возач од Формула 1, Ралф Шумахер, јавно ужива во љубовта со своето момче, една година откако јавно призна дека е хомосексуалец.
49-годишниот германски поранешен возач, кој има шест победи во Формула 1 во текот на својата 11-годишна кариера, беше забележан како разменува нежности со своето момче Французинот Етјен Буске-Касан за време на нивниот одмор во Сен Тропе, Франција.

Ралф и Етјен уживаа заедно на приватна јахта, прегрнати и вљубени.

Во јули 2024 година, Ралф јавно откри дека е хомосексуалец, објавувајќи фотографија со Етјен.
„Најубавото нешто во животот е кога покрај себе имаш вистински партнер со кого можеш да споделиш сѐ“, напиша тој во описот на објавата.
Ралф претходно беше оженет со поранешната сопруга Кора, со која го има 23-годишниот син Давид Шумахер, кој исто така е тркач.
„Многу сум среќен што конечно си најде некој со кого навистина се чувствуваш удобно и сигурно... Ти давам 100% поддршка, тато, и ти посакувам сѐ најдобро, честитки“, напиша Давид на Инстаграм и го поддржа татко си.
Инаку, Ралф Шумахер беше во брак со Кора од 2001 до 2015 година.
Тие се венчаа во октомври 2001 година и истата година го добија синот.


Прочитајте и Беше оженет за Плејбој модел и доби син, сега е во врска со друг маж – Бурниот љубовен живот на Ралф Шумахер
Ралф постојано објавува заеднички фотографии со Етјен:
Повеќе фотографии од парот:
Прочитајте и за неговиот брат Михаел Грижата за Шумахер „ги цеди“ милионите од неговата сметка – Колку плаќа сопругата за да го одржи во живот?
С. С. | Црнобело