Грижата за Шумахер „ги цеди“ милионите од неговата сметка – Колку плаќа сопругата за да го одржи во живот?

Грижата за Михаел на годишно ниво чини неверојатни 7 милиони евра. Неговата сопруга не излегува, не работи и целосно е посветена да ја заштити неговата приватност, па заради тоа семејството се соочува со тешка ситуација и мора да носи тешки одлуки...

grizhata-za-shumaher-gi-cedi-milionite-od-negovata-smetka-kolku-plakja-negovata-sopruga-na-godishno-nivo-za-negovite-potrebi-01.jpg

Во 2012-та година Михаел Шумахер се сметаше за еден од најплатените спортисти на сите времиња и според Forbes во тоа време се веруваше дека неговата сметка е тешка околу 30 милиони долари.

grizhata-za-shumaher-gi-cedi-milionite-od-negovata-smetka-kolku-plakja-negovata-sopruga-na-godishno-nivo-za-negovite-potrebi-02.jpg

Но, долгогодишната борба да се заштити поранешниот Формула 1 возач од јавноста, да ја скрие неговата здравствена состојба и потребата од постојаната медицинска грижа за Михаел по претрпеното оштетување на мозокот, го чини скапо семејството и полека ги „цеди“ милионите.

Михаел во моментов е под постојан медицински надзор и се верува дека неговата сопруга Корина е во незавидна положба и мора да живее како затвореник во сопствената куќа во Швајцарија.

grizhata-za-shumaher-gi-cedi-milionite-od-negovata-smetka-kolku-plakja-negovata-sopruga-na-godishno-nivo-za-negovite-potrebi-03.jpg

Поранешниот сопственик на Jordan Grand Prix, Еди Џордан, во март минатата година даде изјава за медиумите и рече дека Корина не му дозволила да го посети Михаел, по несреќата во 2013-та година.

Човекот, кој важеше за близок пријател на Михаел, рече дека Корина се претворила во „ангел чувар“ на нејзиниот сопруг.

„Ова е најужасниот период за Мик и Корина.

Поминаа речиси 10 години и Корина не може да оди на ниту една забава, да излезе на ручек или да прошета.

Таа е како затвореник затоа што секој би сакал да зборува со неа за Михаел, а нејзе не ѝ треба некој да ја потсетува на тоа што ѝ се случи во секоја минута“ – напомена Џордан.

grizhata-za-shumaher-gi-cedi-milionite-od-negovata-smetka-kolku-plakja-negovata-sopruga-na-godishno-nivo-za-negovite-potrebi-05.jpg

Сега, речиси 11 години по несреќата, јасно е дека семејството на Шумахер се соочува со уште поголеми (финансиски) проблеми.

Според весникот Corriere Dello Sport, за да ги обезбеди неопходните медицински потреби за својот сопруг, кои вклучуваат посебна медицинска опрема и професионална нега, Корина секоја година треба да обезбеди околу 7 милиони евра.

grizhata-za-shumaher-gi-cedi-milionite-od-negovata-smetka-kolku-plakja-negovata-sopruga-na-godishno-nivo-za-negovite-potrebi-04_copy.jpg

Се проценува дека во последниве 11 години, семејството на Шумахер потрошило 70 милиони евра само за медицинските потреби.

Затоа, воопшто не зачудува фактот што Корина неодамна мораше да донесе тешка одлука и да ги стави на аукција скапите часовници на нејзиниот сопруг, кои се продадоа по цена од 4,1 милиони евра.

grizhata-za-shumaher-gi-cedi-milionite-od-negovata-smetka-kolku-plakja-negovata-sopruga-na-godishno-nivo-za-negovite-potrebi-07.jpg

Во 2015-та година Корина мораше да го продаде неговиот приватен авион по цена од околу 29 милиони евра, како и семејната вила во Норвешка, по цена од 2,9 милиони евра.

grizhata-za-shumaher-gi-cedi-milionite-od-negovata-smetka-kolku-plakja-negovata-sopruga-na-godishno-nivo-za-negovite-potrebi-09.jpg

За потсетување, Михаел имаше тешка несреќа за време на скијање во 2013-та година.

Се знае дека во одреден период беше во медицински предизвикана кома, а оттогаш па наваму неговата здравствена состојба се чува во најголема тајност.

grizhata-za-shumaher-gi-cedi-milionite-od-negovata-smetka-kolku-plakja-negovata-sopruga-na-godishno-nivo-za-negovite-potrebi-08.jpg

Прочитајте и Корина Шумахер јавно проговори за животот со Михаел по несреќата: „На сите ни недостасува, но тој, иако е поинаков, сепак е тука!“

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Беше оженет за Плејбој модел и доби син, сега е во врска со друг маж – Бурниот љубовен живот на Ралф... „Останав три вечери со него, но тој не ме допре ниту со прст, не се ни бакнавме“...
Емотивна сцена на мечот на Рафел Надал: Синчето внимателно гледа, сопругата плаче за загубата Сопругата на Рафаел Надал, Марија Циска Перељо, со солзи во очите ја проследи за...
Хари Кејн има најромантична приказна меѓу фудбалерите: Со сопругата учел во основно, Бекам е „винове... Капитенот на англиската фудбалска репрезентација, Хари Кејн, ја има една од нају...
Никола Јокиќ откри зошто веќе нема да ја носи бурмата на патиките – сигурно сопругата му се „заканил... „Нема да ризикува истото да му се случи третпат“ – велат низ смеа оние што го по...
На 16 години стана најмлад голгетер на Европско, си носи книги на првенството за да учи: Кој е Ламин... Ламин Јамал денес полни 17 години (роден е на 13 јули), а утревечер (14.07) со ш...
Единствениот човек што сакал да ги открие деталите за Шумахер се „обесил“ во затвор Во овие 10 години сите обиди да се објават детали за здравствената состојба завр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg