Застрашувачка снимка од несреќа во забавен парк – се скрши реквизит во воздух, 23 луѓе се повредени
- Детали
- петок, 01 август 2025
Најмалку 23 луѓе завршија повредени, откако за време на возење на реквизит во вид на тркало што се врти 360 степени во забавен парк во Саудиска Арабија, истиот се скрши на половина во воздух и падна на земја – на социјалните мрежи се шири снимка од моментот.

Во забавен парк во Саудиска Арабија се случи несреќа од која многумина стравуваат.
Видео снимката која се шири на социјалните мрежи, а ја пренесува и CNN, покажува како реквизит се крши на половина додека е полн со луѓе.
Станува збор за еден вид на кружна вртелешка која движи во повеќе насоки и се врти 360 степени, а во еден момент, конструкцијата што го држи и врти тркалото, се крши на половина и паѓа на земја.

Несреќата можеше да заврши и многу полошо, но за среќа, паѓа од прилично пониска висина и исправено, но за жал, сепак има повредени, засега најмалку 23 пријавени.

Принцот наредил веднаш да се затвори забавниот парк и да се истражи што довело до колапсот на реквизитот.
Погледнете го видеото:
М. М. | Црнобело