„Живеам од социјална помош бидејќи ми е стресно да работам – си купив куќа и ги зголемив градите, не знам зошто ме критикуваат“
Уште почудно е што на Мери не ѝ било јасно зошто јавноста ја мрази.
„Не сум вработена и земам многу пари од социјална помош кои ми следат по закон. Не знам зошто луѓето ме осудуваат и многу ме критикуваат“.
Мери првпат го привлече вниманието на јавноста во 2018-та, кога се дозна дека со пари од социјална помош отишла во Турција за да ги зголеми градите.
Следната година, пак, отишла во странство на третман за „разубавување“ на половиот орган, повторно со пари од социјална помош.
„Да, бев во странство за третманот, но сега жалам за тоа. Беше грешка и мислам дека многу ги посрамотив децата“.
Мери уште еднаш се најде на мета на критики откако се дозна дека си купила коњ.
„Само сакав да си купам нешто убаво и штедев за коњот. Отсекогаш сум сонувала да имам коњ. Платив околу 700 евра коњот, а потоа плаќав и по 200 евра месечно за да можам да го чувам во дворот.
Сепак, морав да го продадам бидејќи немав доволно пари за да се грижам за него“.
Британката го добила првото дете на 19-годишна возраст и тогаш првпат почнала да зема социјална помош.
„Тој период бев негувателка и повремено наоѓав работа. Кога ќерка ми беше мала, користев социјална помош, па пак најдов работа. Потоа го добив второто дете, па повторно користев социјална помош.
Бидејќи беше како ролеркостер, решив да живеам само од социјална помош за да имам време да се грижам за децата.
Отсекогаш сум сакала големо семејство и никогаш не мислев за трошоците за одгледувањето бидејќи е многу лесно да се добие помош од државата“.
Мери тврди дека се запишала на колеџ, но сепак ќе продолжи да живее од социјална помош бидејќи така ѝ било најлесно.
Спирова С. | Црнобело
