Најпознатите сијамски близначки во светот шетаат со бебе, по гласините за бременост: Можат ли да добијат биолошко дете?
- Детали
- вторник, 19 август 2025
Аби и Британи Хенсел беа забележани со бебе, откако открија дека едната од нив се омажила и дека планираат да го прошират семејството. Близначките имаат две глави и две срца, но ги делат останатите органи, вклучувајќи го и репродуктивниот систем. Теоретски, би можеле да забременат, но не е познато какви сè компликации би можеле да настанат.

Аби и Британи Хенсел се најпознатите сијамски близнаци во светот. Се појавувале во бројни емисии, вклучувајќи го и шоуто на Опра Винфри, и многупати имаат споделувано детали за нивниот живот.
Неодамна беа фотографирани со бебе за кое се верува дека е нивно, но не е познато дали го родиле тие или можеби го добиле со сурогат мајка или посвоиле.
Една од близначките, Аби, стапи и во брак, а со сестра ѝ имаат изјавено дека би сакале да имаат и дете.
Аби се венча со воениот ветеран Џошуа Боулинг во 2021 година, но ја откри веста дури минатата година, навестувајќи дека очекуваат и бебе. Оттогаш има и шпекулации дека можеби се бремени.
Во интервјуа уште од нивните тинејџерски години, Аби и Британи секогаш споделувале дека сакаат да најдат љубов и да станат мајки.
„Да, еден ден ќе бидеме мајки, но не сакаме да зборуваме како ќе функционира сето тоа. Сепак, не мора целиот свет да знае дали излегуваме со некого и што правиме и како правиме“, изјавија сестрите пред неколку години.
Луѓето се љубопитни за приватноста на близначките и иако тие се отворени за многу работи, нормално, не споделуваат детали за нивниот сексуален живот.
Аби и Британи имаат две срца, но заеднички кардиоваскуларен систем. Споени се на долниот дел од телото, што значи дека делат ист репродуктивен систем.
Ова значи дека постои можност да добијат биолошко дете.
А, доколку детето со коешто се фотографирани е нивно биолошко, тие би биле првите сијамски близначки кои делат репродуктивен систем што станале мајки.
Поради ова, не е јасно какви компликации би можеле да настанат за време на нивната бременост, ниту која од нив би била наведена како биолошка мајка на детето.
Засега, низ историјата се забележани само два случаја каде што сијамски близначки добиле деца.
Според медицински извештај од 2001 година, ваков случај бил забележан во САД, во далечната 1909 година.
Сијамските близначки Џозефа и Роза Блажек биле споени на долниот дел од ’рбетот, но имале два пара нозе и две вагини.
Според извештајот, близначките имале односи само еднаш, а Роза забременила и родила здраво машко дете.
Черити Линколн Васкез е уште една жена со сијамска близначка која родила дете.
Черити и нејзината сестра Кејтлин биле споени од градната коски до карлицата, но седум месеци по нивното раѓање, биле успешно разделени.
Операцијата траела 31 час, а медицинскиот тим го сочинувале речиси 30 доктори и медицински сестри.
Черити родила девојче во 2021 година, и тоа во истата болница каде што била изведена операцијата за разделување.
Што значи, доколку Аби и Британи се биолошки мајки на бебето со коешто беа фотографирани, тие може да се сметаат и за медицинско чудо.
Но, близначките докажале дека се чудо уште по самото раѓање. Имено, сијамските близнаци како нив кои делат исто тело, а имаат две глави, се вистинска реткост.
Девојчињата биле родени со три раце, но едната била отстранета. Близначката која е на левата страна не чувствува ништо од десната, и обратно.
Но, и покрај ова, тие се движат мошне координирано, како една личност, а можат дури да возат и автомобил.
Сијамските близнаци кои се споени како Аби и Британи имаат многу кратки животи – повеќето не стигнале ни до полнолетство.
Поради ова, лекарите ги предупредиле нивните родители уште по породувањето.
Сепак, Аби и Британи се во одлична здравствена состојба, немаат проблеми со срцето или кои било органи и во март годинава го прославија и 35-тиот роденден.
Па, ништо чудно да успеале да добијат биолошко дете без сериозни компликации.
Спирова С. | Црнобело