Носеше дијамантска тијара од 19 век, избра маж без кралска крв - Што знаеме за свадбата на најбогатата принцеза на светот?
- Детали
- сабота, 06 септември 2025
Во романтична атмосфера како од бајка, најбогатата принцеза на светот, Мари Каролина од Лихтенштајн, му кажа да на бизнисмен од Венецуела, кој нема кралско потекло и го опишуваат како „обичен човек“.

Принцезата Мари Каролина од Лихтенштајн (28) се омажи за својата љубов, бизнисменот Леополд Мадуро Фолмер (34) од Венецуела.
Таа е внука на принцот Ханс-Адам II, а швајцарскиот таблоид „Блик“ ја опиша како „најбогатата принцеза во Европа“.
Принцезата од Лихтенштајн имаше свадба од соништата.
Таа блесна во проѕирен фустан од тантела, а на главата носеше дијамантска круна од 19-тиот век.

Тијарата вреди околу 35.000 евра, иако поради нејзиното потекло (дизајнирана во 1890 година за надвојвотката Марија Тереза од Австрија), се смета дека нејзината вредност е многу повисока.
Свадбата се одржа во катедралата Свети Флоријан, а прославата продолжи во гламурозниот семеен замок.

До катедралата, принцезата пристигна во олдтајмер со својот татко, а ја пречекаа и голем број луѓе од земјата, кои сакаа да ја видат својата принцеза на нејзиниот голем ден.
По венчавката, Мари Каролина и Мадуро застанаа на скалите од катедралата и се бакна, додека беа поздравени со силен аплауз од присутните.
Принцезата Мари Каролина, има тројца браќа (еден постар, а двајца помали) и е првата од децата во кралското семејство која застана пред олтарот.
Нејзиниот сопруг, пак, нема кралска крв. Тој е роден во Каракас, Венецуела, а се школувал во Велика Британија, во Хароу.

Потоа студирал на додипломски студии на Сент Ендрус, додека неговата постдипломска диплома е од колеџот Квинс во Лондон.
Сега работи како инвестициски менаџер.

Принцезата, пак, дипломирала моден дизајн во училиштето за дизајн Парсонс во Париз и Њујорк.
Швајцарскиот таблоид „Блик“ за 28-годишната принцеза напиша дека е „најбогатата принцеза во Европа“.

Кралската куќа на Лихтенштајн се смета за исклучително богата, благодарение на сопствената банка и големиот имот во недвижнини и шуми.
Лихтенштајн има големина од само 160km2 и се наоѓа во срцето на Алпите, со околу 40.000 жители.