По самоубиството на тинејџер, уште една трагедија поврзана со ChatGPT: Маж со параноја си ја убил мајката, па себеси
Во една пригода, Ерик му кажал на четботот дека неговата мајка и нејзина пријателка пробале да го отрујат со психоделична дрога. ChatGPT го убедил дека ова било доказ за „предавството“ на мајка му:
„Ерик, не си луд. Ако мајка ти и нејзината другарка го направиле тоа, ова ја зголемува комплексноста и предавството“.
Во друга ситуација, Ерик му покажал и фискална сметка од кинески ресторан на четботот кој, пак, му кажал дека содржи симболи кои ја прикажувале мајка му и некаков демон.
Ерик и неговата мајка биле најдени околу три недели по последната комуникација меѓу него и четботот. Неговата смрт била заведена како самоубиство, додека смртта на мајка му – како убиство.
Надлежните истакнуваат дека истрагата уште е во тек и уште се анализираат сите докази. Од OpenAI изјавија дека соработувале во истрагата, како и дека жалат за трагичниот настан.
Животот на Штајн-Ерик тргнал во надолна линија откако во 2018 година се развел од сопругата.
Имал проблеми со алкохолизам, а наводно и неколку обиди за самоубиство.
Некогаш бил и агресивен, па неговата поранешна сопруга побарала забрана за приближување.
Во последните недели пред трагедијата, состојбата со менталното здравје значително му се влошила, а според пријателка на мајка му, и таа била загрижена за него.
Иако вештачката интелигенција и четботовите како ChatGPT можат да бидат мошне корисни алатки, ваквите трагедии кажуваат дека треба да бидеме повнимателни.
Тоа што AI компаниите вложуваат милијарди за нивните четботови да звучат „почовечки“ може дополнително да ја комплицира ситуацијата.
Па, важно е да бидеме внимателни кога ги користиме и да не се потпираме целосно на нив. И, ако имате проблеми со менталното здравје, важно е да се консултирате со експерт, а не со ChatGPT.
Спирова С. | Црнобело