„Се дотерувам 2 часа за да бидам најубавата мајка кога го носам син ми на училиште - не сакам да бидам неуредна“

„И додека некои мајки се сосема задоволни да го однесат своето дете на училиште во тренерки, јас пристигнувам на вратата на училиштето на мојот 7-годишен син, целосно нашминкана и совршено дотерана. Сакам да оставам добар впечаток...“

se-doteruvam-so-chasovi-za-da-bidam-najubava-majka-koga-go-zemam-sin-mi-od-uchilishte-01.jpg

Анет Келоу од Велика Британија е мајка со специфичен винтиџ моден стил, но и интересни навики.

Таа вели дека на дотерување троши и по два часа и тоа не за на некоја луксузна вечера со пријатели или романтична вечер, туку за на последното место каде што ќе очекувате да видите некој толку дотеран, а тоа е носење на училиште на нејзиниот син Феникс.

Нејзината исповед за магазинот „TheSun“:

„Секое утро додека некои мајки се сосема задоволни да го однесат своето дете на училиште во тренерки, јас пристигнувам на вратата на училиштето на мојот 7-годишен син Феликс, целосно нашминкана и подготвена за денот пред мене.

Станувам многу рано. Мојата коса мора да биде совршена, а мојата облека е подготвена за цела седмица, со соодветни високи потпетици и чанти, дури и бојата на моите нокти со совршен маникир се совпаѓа со моите аутфити.

se-doteruvam-so-chasovi-za-da-bidam-najubava-majka-koga-go-zemam-sin-mi-od-uchilishte-03.jpg

Носам вештачки трепки и мирисот на мојот скап парфем сакам да се чувствува низ преполното училиште.

Два часа подготовка може да изгледаат екстремно за некого, но за мене не, јас сум одлучна да оставам добар впечаток.

Одбирам класични парчиња, како свилени кошули, волнен капут, елегантни фустани и кожени чевли.

Признавам дека мојот вкус за мода можеби не е за секого.

se-doteruvam-so-chasovi-za-da-bidam-najubava-majka-koga-go-zemam-sin-mi-od-uchilishte-05.jpg

Сакам и ленти за коса и бисери. Внимавам да ги ротирам моите аутфити за да не бидам видена во истата комбинација двапати во еден месец.

Првично, другите мајки на училиште ме гледаа со сомнеж. Мислам дека мислеа дека претерувам и ме прашуваа: „Зошто си толку дотерана? Каде ќе одиш?“

Мојот одговор секогаш е ист — никаде! Изгледањето добро е дел од мојот секојдневен живот.

Се случуваше дури да ми поставуваат прашања: „Што сакаш да докажеш?“

se-doteruvam-so-chasovi-za-da-bidam-najubava-majka-koga-go-zemam-sin-mi-od-uchilishte-04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Станав полицаец откако очувот ја уби мајка ми – сега им помагам на жртви на семејно насилство“ „Беше чудно кога гледав како очувот го изнесува полиција бидејќи ја удрил мајка ...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Синот на Доналд Трамп на чуден начин објави дека се свршил – татко му ја тапна по рамо девојката за ... Синот на Доналд Трамп од бракот со Ивана, со чуден и непријатен говор во Белата ...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
Позитива на денот: Полицајци чуваат детенце накиснато од дожд, за мајката доставувач да ја направи и... „Врне силно, а јас морам да доставам храна. Може ли да го оставам син ми тука на...
Мајка-херој од Англија загинала за да ја спаси 5-годишната ќерка – гранка од дрво паднала врз неа до... Мајка од Англија шетала во парк со својата ќерка, кога се откршила гранка од дрв...

Најчитани неделава