Како да ја претчувствувала неговата смрт - први снимки од вдовицата на Чарли Кирк по атентатот
- Детали
- петок, 12 септември 2025
Откако ја цитираше Библијата неколку часа пред атентатот на Чарли Кирк, во јавноста се коментира дека таа ја претчувствувала неговата смрт. Вдовицата на политичкиот активист скршена од болка пристигна во Аризона за погребот, а ковчегот ќе го носи и потпретседателот на САД.

Еден од најголемите поддржувачи на Доналд Трамп, Чарли Кирк, беше убиен во атентат на 10.09, додека присуствуваше на настан на универзитетот во Јута.
Иако Чарли (31) важеше за контроверзна личност, имаше милиони поддржувачи, но исто толку противници.

Овој конзервативен политички активист и влијателна јавна личност, зад себе ја остави сопругата Ерика и две мали деца.
Дел од медиумите објавија дека и тие биле присутни во кампусот во Јута каде што беше убиен Кирк, но подоцна ја демантираа информацијата.

Според новите пишувања, Ерика и децата секаде го следеле Чарли, но не е потврдено дали и овој пат биле со него.
Еден ден по убиството, на социјалните мрежи се појави снимка од вдовицата на убиениот Кирк, како се симнува од претседателскиот авион Force One, на аеродромот во Аризона, со кој е пренесен и ковчегот на убиениот активист.

Таа се држи за рака со Уша Венс, сопругата на американскиот потпретседател, кој, пак, ќе биде еден од оние што ќе го носат ковчегот до гробот во кој ќе биде погребан Кирк.
Близок соработник на парот изјавил дека вдовицата на Кирк е скршена од болка и дека едвај го преживува најтешкиот период во животот, но во тоа ѝ помага верата во Бога.
А токму нејзината последна објава на Твитер пред убиството на сопругот, е цитат од Библијата.

Многумина велат дека таа како да ја предосетила неговата смрт.
„Бог е наше засолниште и сила, секогаш присутна помош во тешки времиња“, напишала Ерика.