Што знаеме за атентатот на Чарли Кирк - убиството за кое коментира целиот свет?

Вчера, десничарскиот политички активист Чарли Кирк беше застрелан и убиен за време на настан на универзитет во САД. Надлежните уште трагаат по сторителот, додека американските политичари изразуваат сочувство и апелираат дека насилството не е решение, без разлика кој на која партија припаѓа.

shto-znaeme-za-atentatot-na-charli-kirk-koj-beshe-zastrelan-na-univerzitetski-kampus-01.jpg

Чарли Кирк, кој беше меѓу најголемите поддржувачи на Доналд Трамп, беше жртва на атентат кој се случи вчера (10.09) додека присуствуваше на настан на универзитет во Јута.

31-годишниот Чарли беше конзервативен политички активист, инфлуенсер и влијателна јавна личност, а самиот Трамп има изјавено дека токму неговото влијание му помогнало да ги освои гласовите на младите во САД.

Чарли, кој важеше и за контроверзна личност, имаше милиони поддржувачи и исто толку противници.

Но, неговата трагична смрт обедини голем дел од нив, кои сега апелираат дека насилството никогаш не е решение.

shto-znaeme-za-atentatot-na-konzervativecot-charli-kirk-koj-beshe-zastrelan-na-univerzitetski-kampus-02.JPG

Што знаеме за неговото убиство?

Вчера, Чарли Кирк присуствуваше на настан на кампусот на Utah Valley University.

Околу 20 минути откако почнала неговата презентација, на социјалните мрежи, како и американските медиуми, почнаа да се споделуваат информации за наводно пукање.

Набрзо потоа, портпарол на универзитетот изјави дека имало пукање, како и дека Чарли Кирк е единствената личност која била застрелана.

shto-znaeme-za-atentatot-na-konzervativecot-charli-kirk-koj-beshe-zastrelan-na-univerzitetski-kampus-07.JPG

Почнаа да се споделуваат и вознемирувачки видеа на кои се гледа како Чарли е застрелан во вратот, а претседателот Доналд Трамп порача сите да се молат да преживее.

Чарли веднаш бил хоспитализиран. Но, за жал, поради прострелната рана во вратот, Чарли не успеа да се спаси.

Неговата смрт ја потврди и претседателот Трамп.

shto-znaeme-za-atentatot-na-konzervativecot-charli-kirk-koj-beshe-zastrelan-na-univerzitetski-kampus-13.JPG

Низа очевидци дадоа изјави за инцидентот, а некои опишаа и дека полицијата веќе уапсила некој.

„Слушнавме гласен истрел и видов ако Чарли крвави и одеднаш сите легнавме на земјата. Се свртев и видов полицајци како носат маж со бела коса. Го имаа уапсено, му ставија и лисици и го однесоа“.

shto-znaeme-za-atentatot-na-konzervativecot-charli-kirk-koj-beshe-zastrelan-na-univerzitetski-kampus-11.JPG

Некои очевидци изјавија и дека обезбедувањето на кампусот не бил воопшто добро, додека портпарол на универзитетот сподели дека Чарли бил застрелан од покрив од некоја од околните згради.

Вработен во ФБИ сподели дека веруваат дека го нашле осомнчениот, но неговиот идентитет не беше откриен.

Набрзо потоа изјавија и дека осомничениот бил приведен, но дека сепак не бил виновен, по што го ослободиле.

shto-znaeme-za-atentatot-na-konzervativecot-charli-kirk-koj-beshe-zastrelan-na-univerzitetski-kampus-14.JPG

Била приведена и уште една личност, но и таа била ослободена бидејќи немала конекција со атентатот.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Синот на Доналд Трамп на чуден начин објави дека се свршил – татко му ја тапна по рамо девојката за ... Синот на Доналд Трамп од бракот со Ивана, со чуден и непријатен говор во Белата ...
Го остави сопругот милијардер бидејќи се дружеше со педофил: Каде е денес Мелинда Гејтс? Мелинда Гејтс има релативно скромно потекло и самата успеа за изгради име за себ...
Meланија Трамп во светкав фустан издоминира како некогаш - фатена за рака со Доналд Трамп Меланија и Доналд Трамп вљубени на новогодишната забава во неговата зимска резид...
Меланија Трамп ги засени сите на раскошната вечера со кралот и кралицата во Белата куќа – ја спореду... На раскошната вечра во Белата куќа каде почесни гости беа кралот Чарлс и кралица...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...

Најчитани неделава