Застрашувачки видеа од супертајфунот во Азија – над 100 исчезнати во Тајван, 2 милиони евакуирани во Кина
- Детали
- среда, 24 септември 2025
Јужните делови на Кина, Филипините и Тајван се соочуваат со пустошот од супертајфунот Рагаса, кој пред неколку денови беше најсилната бура за оваа година. Силните ветришта и обилните дождови предизвикаа огромна штета, а во Тајван имало и 14 жртви.

Дел од азиските земји се погодени од тајфунот Рагаса, кој пред неколку денови беше прогласен за најсилната бура за оваа година.
Тајфунот предизвика смртоносни поплави во Тајван каде над 100 луѓе се водат за исчезнати. Истовремено, има и 14 жртви.
Сега, пак, зафаќа делови од Кина каде речиси 2 милиони лица биле евакуирани. Во десет градови, надлежните ги затвориле училиштата, компаниите и фабриките, во очекување на големата катастрофа.

Тајфунот направи пустош и на Филипините.
Кина, Тајван и Филипините се соочуваат и со неколку тајфуни годишно. Но, климатските промени ја прават секоја наредна бура полоша и полоша.
Според CNN, брзината на ветрот од тајфунот во Хонгконг била дури 168 километри на час.

Иако јачината на тајфунот почнува да се намалува, надлежните во Кина очекуваат невремето да продолжи уште неколку часа.

Твитер веќе е преплавен со застрашувачки видеа од силните ветришта, дождот и поплавите што ги предизвикува тајфунот.
Дел од објавите во продоложение:
