Вирално видео: Луѓето во Кина ловат риба на поплавените улици, по тајфунот Рагаса

Тајфунот Рагаса ги претвори улиците во јужниот дел на Кина во реки. Кога локалците забележале дека во водата има и риби, почнале да ги ловат – некои ги фаќаат со раце, некои со кофи, а некои си направиле и копја.

viralno-video-lugjeto-vo-kina-lovat-riba-vo-poplavenite-ulici-po-tajfunot-ragasa01.jpg

Тајфунот Рагаса кој ги погоди Тајван, Филипините и јужниот дел на Кина каде направи пустош.

Обилните врнежи предизвикаа големи поплави кои, пак, направија и сериозна материјална штета.

Според последните информации, има 14 загинати, додека спасувачките екипи трагаат и по 33 исчезнати лица.

Но, среде пустошот и трагедијата, жителите на област во Кина погодена од тајфунот пробале да го извлечат најдоброто од ситуацијата.

Во регионот Макао, локалците забележале дека во водата на поплавените улици има и риби, па почнале да ги ловат.

На социјалните мрежи вирално се споделуваат видеа на кои се гледа како луѓето трчаат низ реките на улиците и со раце, без никаква опрема фаќаат риба.

Некои користат кофи, а некои си направиле и копја.

Дел од оние кои успеале да фатат нешто, гордо го покажуваат својот улов пред камерите што ги снимаат.

Во коментари на видеата, луѓето се восхитуваат на оптимизмот на локалците.

„Го вадат најдоброто од лоша ситуација!“

„Во секоја криза има можност“.

„Реално, зошто не би ловеле? Ако природата ти даде храна бидејќи ти ја уништила куќата, зошто да ја одбиеш?“

„Ловење риба со раце на улица – како сон што се претворил во реалност“.

„Имам пријател од Кина кој рече дека ова било единствената добра работа од тајфунот“.

Прочитајте и: Нина Ангеловска е во Кина, каде има најава за тајфун: „Стаклените врати во хотелот ги запечатија, го стопираа јавниот превоз“

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...
Вирално видео: Жена во Турција „за влакно“ ќе беше удрена од трамвај, маж од обезбедување ја спасува На камера е уловен моментот кога жена тргнува по шините за трамвај, а маж од обе...
„Со бившиот сопруг освоиме 2 милиони евра на лото – заглавивме во долгови, ги плаќавме 10 години“ Лара од Англија и поранешниот сопруг освоиле околу 2 милиони евра на лотарија. Н...
Потресни сведоштва од несреќата со возови во Шпанија: „Гледав како луѓето умираат, а јас не можев да... „Мојот сопруг виде детенце кое умре во возот. Друго детенце ја бараше мајка си. ...
На 2 години беше оставен да умре, денес го викаат „малиот Пикасо“ - Се сеќавате ли на момчето спасен... „Кога го видовме, мирисаше на смрт. Бев сигурна дека ќе ми почине во раце. Но, с...
Британка (65) критикувана за дечкото (44) од Африка: „Му давам пари и му купувам подароци, сите мисл... 65-годишна жена од Англија пред две години го запознала 44-годиштнио Ебрима кога...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg