„Се разведов од првата сопруга што не ми готвеше, сега сум во земја - порно рај, каде втората сопруга и готви и чисти“
- Детали
- вторник, 14 октомври 2025
„Мојата сопруга од Тајланд ги прави сите домашни работи - готви, чисти, а бившата сопруга не правеше речиси ништо, дури и самиот си готвев секој ден“, вели Греам Болдвин (66), кој се преселил во Тајланд.

Сè поголем е бројот на луѓе од целиот свет, а особено Британци што се селат во Тајланд поради помали трошоци за живот и поради фактот што оваа држава се смета за „порно рај“.
За некои британски мажи, главно во своите 50-ти и 60-ти години, со пристојна пензија и развод зад себе, сексот е на врвот од нивната туристичка листа на желби и точно знаат каде да одат.

Тајландскиот „град на гревот“ е Патаја, водечка светска дестинација за секс-туризам – нуди забава и слобода.
Но, овие постари Британци велат дека таму има уште нешто што го нема во Британија – подобар живот.

„Тука животот е подобар, жените се поубави, порелаксирани и прават сѐ дома“, тврдат Британците во изјави за магазинот TheSun.
Пензионираниот градежник Греам Болдвин (66) од Велика Британија се преселил трајно во Тајланд по разводот, откако пријател му ја препорачал оваа држава, како совршена дестинација.

Сега е оженет со Тајланѓанка, ја продал куќата во Англија и вели:
„Многу повеќе ги сакам Тајланѓанките, отколку Британките. Поубави се, порелаксирани, живеат побавно, помалку прават драми и стрес.
Мојата сопруга од Тајланд ги прави сите домашни работи - готви, чисти, а бившата сопруга не правеше речиси ништо, дури и самиот си готвев секој ден“.

Тој додава:
„По разводот, пријател ми кажа за Тајланд и колку е забавно таму, особено со жените, па решив да пробам.
Првиот пат отидов во бар во Бангкок и си поминав одлично. Потоа, при втората посета, запознав девојка и се заљубив.
Се венчавме пред десет години и пред две години се преселив тука за постојано“.
Градот Патаја е озлогласен како број еден дестинација за секс-туризам.