„Се разведов од првата сопруга што не ми готвеше, сега сум во земја - порно рај, каде втората сопруга и готви и чисти“

Иако властите со години се обидуваат да го претворат во семејна дестинација, Вокинг стрит, срцето на црвената зона, сѐ уште е преполна со бордели, клубови со трансродови лица и сомнителни салони за масажа.
Лесно се доаѓа до секс, а девојките често се претвораат во „девојки за врска“ за времето додека клиентот е во Тајланд.

Греам додава дека животот во Тајланд е поевтин и помалку стресен, иако цените во Бангкок растат:
„Во Велика Британија, сите се мачат со цените, нема доволно станови, младите не можат да купат стан. А да закажеш лекар по ковидот е вистински кошмар.
Имав проблем со коленото, чекав два месеца, па се вратив во Тајланд и платив приватно, беше скапо, но вредеше...“

Властите во Тајланд сакаат да ја променат сликата на земјата и да привлечат „семејни туристи“, но Патаја останува симбол на светската секс-индустрија и за многу постари Британци, тоа е нов почеток.
С. С. | Црнобело