Неодговорно! Родители качиле 9-месечно бебе на смрзнат планински врв во Полска и не можеле да го симнат

„Да качуваш деветмесечно бебе на опасна планина без никаква опрема е повеќе од неодговорно. Среќа што водичот го спасил бебето...“, гласи еден од осудувачките коментари.

sramota-neodgovorni-roditeli-kachile-9-mesechno-bebe-na-smrznat-planinski-vrv-vo-polska-i-ne-mozhele-da-go-simnat-01_2.jpg

Пар од Литванија се обиде да се искачи на највисокиот врв во Полска, планината Риси, заедно со своето деветмесечно бебе.

Игнорирајќи ги постојаните предупредувања, овој пар ги надминал сите граници на неодговорност, обидувајќи се да се искачи на планински врв додека со нив во тие екстремни услови е нивното бебе.

sramota-neodgovorni-roditeli-kachile-9-mesechno-bebe-na-smrznat-planinski-vrv-vo-polska-i-ne-mozhele-da-go-simnat-02_2.jpg

Видеото ги шокираше сите на социјалните мрежи, а луѓето ги прашуваат: „Ова го направивте за на Инстаграм и за слава?“

Тие иако биле свесни дека ги очекуваат крајно опасни временски услови, сепак се впуштиле во искачувањето и го ставиле во ризик животот на нивното малечко.

Според пишувањата на странските медиуми, парот се обидел да се искачи и покрај предупредувањата од водичи и спасувачи за опасните услови на планината Риси.

sramota-neodgovorni-roditeli-kachile-9-mesechno-bebe-na-smrznat-planinski-vrv-vo-polska-i-ne-mozhele-da-go-simnat-03_2.jpg

Парот дури и немал соодветна опрема за искачување и кога сфатиле дека не можат да се симнат назад, таткото побарал крампони (специјални метални додатоци за чизми) од еден планински водич.

„Немаа никаква заштитна опрема, а кога таткото сфатил дека не може да се симне, се обидел да позајми крампони од планински водич. На крајот, водичот сам го зел бебето и го однел на сигурно“, пишуваат странските медиуми.

sramota-neodgovorni-roditeli-kachile-9-mesechno-bebe-na-smrznat-planinski-vrv-vo-polska-i-ne-mozhele-da-go-simnat-04_2.jpg

Како воопшто парот помислил да се качува на врвот без никаква подготовка, со нула безбедносна опрема и со деветмесечно бебе – ги шокирало властите и другите туристи на врвот.

За среќа, никој не бил повреден, а бебето било спасено благодарение на планинскиот водич.

Инцидентот предизвика голем гнев на социјалните мрежи, откако видеото се прошири и луѓето дознаа дека парот решил да се качува со бебе, и покрај очигледните опасности.

sramota-neodgovorni-roditeli-kachile-9-mesechno-bebe-na-smrznat-planinski-vrv-vo-polska-i-ne-mozhele-da-go-simnat-05_2_copy.jpg

Дел од осудувачките коментари:

„Тешко е да се разбере зошто некои родители би донеле толку ризична одлука кога е во прашање безбедноста на нивното дете. Постојат илјадници начини да се ужива во природата без да се загрози животот на бебе“.

„Да погодам – го направиле тоа за на Инстаграм“.

„Да качуваш деветмесечно бебе на опасна планина без никаква опрема е повеќе од неодговорно. Среќа што водичот го спасил бебето...“

Видео како изгледало искачувањето со бебето во кенгур напред:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Родив многу големо бебе: На 4 месеци тежи 10 килограми, ме критикуваат, но докторите ми велат дека ... Млада Мајка се соочи со критики откако го покажа своето 4-месечно бебе кое тежи ...
Родителите ѝ се бегалци од Босна, беше во врска со синот на Шумахер - Која е новата девојка на Јаник... Откако живееше со дански фудналер, а потоа го следеше синот на Михаел Шумахер на...
„Ќерка ми загина неколку дена пред 3-иот роденден, врз неа падна комода од 30kg – родители бидете по... „Се случи многу брзо и многу тивко. Се случи нешто незамисливо. Вината и срамот ...
Ќерка на ирански тајкун троши повеќе од 500.000 евра месечно - Се фали на Инстаграм со „парите на та... „Добивам многу негативни реакции од луѓе кои ме задеваат дека трошам ‘пари од та...
Девојка родена без голем мозок е медицинско чудо – прослави 20-ти роденден, лекарите ѝ предвидувале ... Алекс Симпсон од САД е родена со ретко нарушување поради кое нема голем мозок, т...
Јадела само овошје, имала само 22kg: Тажната приказна на девојка што почина од неисхранетост на Бали Каролина од Полска целиот живот се борела со нарушувања во исхраната, за пред кр...

Најчитани неделава