Родителите ѝ се бегалци од Босна, беше во врска со синот на Шумахер - Која е новата девојка на Јаник Синер?
- Детали
- сабота, 13 септември 2025
Откако живееше со дански фудналер, а потоа го следеше синот на Михаел Шумахер на трките низ светот, манекенката со босанско потекло, Лејла Хасановиќ (24) е во врска со тенисерот Јаник Синер.

Данската манекенка со босанско потекло, Лејла Хасановиќ, е новата девојка на Јаник Синер, еден од најдобрите светски тенисери во моментов - пренесоа светските медиуми.

Иако до сега не ја потврдија врската, Лејла го бодреше Јаник од трибините на US Open и на Roland Garros.
Потоа во јавноста почна да кружи и фотка од скринсејверот од мобилниот телефон на Јаник, на кој се гледа девојка, за која се претпоставува дека е Лејла.

Запрашан за неговиот љубовен статус, италијанскиот тенисер неодамна изјави дека е заљубен, но не го откри идентитетот на девојката.

Тој и Лејла живеат во Монте Карло, двајцата во областа La Condamine и таму се првпат фотографирани заедно, додека заминуваат од слаткарница - по што и почнаа гласините дека се во врска.
Фото: Инстаграм
Имаат и ист агент, Алекс Мелис, и се верува дека тој ги запознал.
Парот, наводно е заедно од пролетта 2024, брзо откако данската манекенка престана да се гледа со Мик, синот на легендарниот возач на Формула 1, Михаел Шумахер.
И таа врска Лејла ја криеше од јавноста, но откако се дозна дека се заедно, Лејла почна да го следи Мик на неговите трки, а заедно се појавија и на неколку гала настани.
Лејла и Мик