Моника Левински во шестата деценија изгледа подобро од кога било - Трансформацијата на најпознатата љубовница во светот
- Детали
- понеделник, 03 ноември 2025
Три децении по аферата која ѝ го смени животот, Левински делува самоуверено, зрачи со сексапил и убавина и предизвикува воздишки каде и да се појави - сосема спротивно на она што го преживуваше кога беше во своите рани дваесетти години.

Пред 30 години светот дозна за Моника Левински откако се откри дека таа е жената со која американскиот претседател Бил Клинтон има афера.
За младата девојка се ширеа секакви приказни. Таа беше навредувана, фотографирана каде и да се појави, а поради скандалот мораше да побегне „во илегала“ и долго време не се појавуваше во јавноста.

Но, три децении по аферата која ѝ го смени животот, Левински делува самоуверено, зрачи со сексапил и убавина и предизвикува воздишки каде и да се појави - сосема спротивно на она што го преживуваше кога беше во своите рани дваесетти години.

Животот на Левински како да се преврте наопаку во 1995-та, но таа неколкупати изјавила дека тогаш се случила најголемата пресвртница во нејзиниот живот.
Денес, Моника е далеку од политиката, но стана активистка која се бори против булингот, а кој е сè поприсутен, особено помеѓу младите во ерата на социјалните мрежи.

Веќе некое време гостува во бројни емисии, држи предавања и коментарите во јавноста се дека никогаш не изгледала подобро.
Таа има 52 години, складна фигура и прекрасна насмевка.

Неодамна се појави на гала-настанот „Моќта на жените“ одржан во Беверли Хилс, и со својот изглед засени многу од присутните.
За оваа пригода, Моника, избра фустан во бакарна боја без ракави што ја нагласува нејзината фигура, дополнето со малку накит и дискретна шминка.
Ова придонесе за софистициран, но впечатлив изглед, а таа делуваше самоуверено, со добар став, пишуваат медиумите.
„Иако со децении беше предмет на јавна осуда поради нејзината афера со поранешниот претседател Клинтон, денес Моника Левински симболизира триумф над минатото. Нејзиното појавување во јавноста повеќе не е скандал, туку порака за сила и самодоверба“, пишуваат тие.
На почетокот на годината многумина го коментираа и нејзиниот стајлинг на забавата на Vanity Fair по доделувањето на Оскарите 2025, кога се појави во црн фустан со проѕирни детали и длабок V-израз, под кој се ѕиркаа нејзините гради.

Оваа Моника Левински е сосема поразлична од младата буцкаста девојка во класични костуми која носеше беретка и работеше во Белата куќа - трансформација на подобро која е за поздрав.

А. Ј. | Црнобело