Синот на Трамп меѓу гостите, настапи на Џеј Ло и Тиесто: Детали за една од најскапите индиски свадби

Ќерката на милијардер од Индија викендов стапи во брак. Прославија со тридневна забава на која присуствуваа некои од најбогатите и најмоќните луѓе во светот, додека гостите ги забавуваа Тиесто и Џеј Ло.

sinot-na-tramp-megju-gostite-nastapi-na-dzhej-lo-i-tiesto-detali-za-edna-od-najskapite-indiski-svadbi-01.jpg

Година и пол по свадбата на синот на најбогатиот Индиец, уште една раскошна индиска свадба привлече внимание во целиот свет.

Овој пат пред олтар застана ќерката на индискиот богаташ Раџу Мантетна.

sinot-na-tramp-megju-gostite-nastapi-na-dzhej-lo-i-tiesto-detali-za-edna-od-najskapite-indiski-svadbi-03_copy.JPG

Главната церемонија се одржа вчера (23.11), со што заврши тридневна прослава која ја нарекуваат и „свадба на годината“.

На прославата присуствуваа некои од најголемите боливудски ѕвезди, моќни луѓе, како синот на Доналд Трамп, но и светки познати ѕвезди.

Гостите ги забавуваше диџејот Тиесто, а настап имаше и Џеј Ло.

sinot-na-tramp-megju-gostite-nastapi-na-dzhej-lo-i-tiesto-detali-za-edna-od-najskapite-indiski-svadbi-06.JPG

sinot-na-tramp-megju-gostite-nastapi-na-dzhej-lo-i-tiesto-detali-za-edna-od-najskapite-indiski-svadbi-08_copy.JPG

Таткото на невестата, Раџу Мантена, е претседател и извршен директор на компанијата Ingenus Pharmaceuticals. Иако свадбата на ќерка му е нарекувана една од најскапите во Индија, постои дебата за тоа колку изнесува неговото богатство.

Некои индиски медиуми пренесуваат дека тој е милијардер, но не се наоѓа на официјалната листа на Forbes. Некои, пак, велат и дека неговото богатство изнесува „само“ 20-тина милиони долари, што е малку чудно кога ќе се земе предвид раскошната свадба што ја организирал за ќерка му.

Малку се знае за неговата ќерка Нетра, додека нејзиниот сопруг е коосновач на технолошка стартап компанија која веќе вреди неколку милиони.

Четиридневната свадбена прослава се одржа во Удаипур – индиски град познат по своите езера, но и раскошните палати.

Во склоп на свадбата имало неколку различни настани и, почнувајќи од 20-ти ноември, настапувале низа боливудски ѕвезди, но и Џеј Ло и познатиот диџеј Тиесто.

За свадбата дури биле најмени и боливудски водители кои го воделе настанот.

На едно од видеата што се споделуваат од свадбата, се гледа и како Доналд Трамп Џуниор танцува на подиумот со својата девојка.

Џеј Ло, пак, е фотографирана со дел од гостите, а по настапот и наздрави за младенците.

Има и видео од журката што ја приредил Тиесто - за да го изгледате, стиснете на стрелката на објавата.

Повеќе фотки и видеа од раскошната свадба на следната страница...



Би можело да ве интересира:

11 луѓе со кои не сакаме да делиме ист воздух (а ги има многу и во Македонија) Дали сте биле сведок на сцена во Скопје каде тркалото од велосипедот останало за...
Синот на Доналд Трамп на чуден начин објави дека се свршил – татко му ја тапна по рамо девојката за ... Синот на Доналд Трамп од бракот со Ивана, со чуден и непријатен говор во Белата ...
Meланија Трамп во светкав фустан издоминира како некогаш - фатена за рака со Доналд Трамп Меланија и Доналд Трамп вљубени на новогодишната забава во неговата зимска резид...
Меланија Трамп ги засени сите на раскошната вечера со кралот и кралицата во Белата куќа – ја спореду... На раскошната вечра во Белата куќа каде почесни гости беа кралот Чарлс и кралица...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
Татко го фрла синот (7) од висока карпа во вода - видео што го разлути светот и ги подели мислењата „Ова изгледа страшно, овој татко е премногу груб кон детето“... се некои од осуд...

Најчитани неделава